Домашна паста која ги сокрива подочниците

Домашна паста која ги сокрива подочниците

Темните кругови под очите се една од најчестите промени на лицето со која се борат многу жени. За среќа, покрај со шминка, подочниците можете многу едноставно и ефикасно да ги елиминирате со помош на евтина паста која можете да ја подготвите сами. Еве како.

domashna-pasta-koja-gi-sokriva-podochnicite-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • Свежи ливчиња нане
  • Маслиново или бадемово масло
Начин на подготовка:
  1. Ливчињата нане измијте ги и ставете ги во аван со толчник, па потоа додајте пола лажичка масло.
  2. Сè заедно добро изгмечете, додека не добиете густа паста. Ако се работи за поголема количина употребете рачен миксер или блендер.
  3. Пастата нанесете ја на подрачјето околу очите и оставете да делува околу 30 минути, а потоа лицето измијте го со млака вода. После третманот нанесете хидратантна крема.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар