Домашен зимски сладолед: Магија за сите сетила
Кој вели дека сладоледот е наменет само за летните топли денови?
Потребни состојки:
- 100 грама темно чоколадо
- 300 милилитри полномасно млеко
- 85 грама шеќер
- 3 жолчки
- 300 милилитри слатка павлака
- 6 корнети
Начин на подготовка:
Ставете ги парчињата чоколадо заедно со млекото во тенџере и загрејте ги на тивок оган. Мешајте ги цело време сè додека не добиете добро комбинирана смеса, па тргнете ги од оган и оставете ги да се оладат.
Изматете го шеќерот и жолчката во густа смеса, а потоа префрлете ги во друго тенџере каде што ќе го додадете и стопеното чоколадо. Варете на тивок оган и мешајте повторно сè додека сите состојки не се соединат. Вие ќе знаете дека смесата е готова кога таа ќе престане да се одвојува од дрвената лажица со која мешате.
Оставете го кремот да се олади и повремено мешајте со цел да спречите да се појави кора на врвот. Откако ќе се олади, изматете шлаг од слатката павлака и додадете го на чоколадниот крем. Добро измешајте, па ставете ја смесата во замрзнувач на околу 2 часа за целосно да се стврдне. Потоа замрзната смеса ставете ја во миксер и мешајте сè додека не добиете густа и леплива текстура. Послужете во корнети.
Совет: Во чоколадната смеса и изматената слатка павлака, можете да додадете и мелени ореви, бадеми или замрзнато овошје. Исто така, пред да послужите можете корнетите на кратко да ги потопите во растопеното чоколадо и да сипете врз нив цимет, рендано бело чоколадо, па дури и мелена лута пиперка ако сте расположени за експериментирање.