Домашен рецепт за вкусни кифлички, исто како да ви ги подготвила вашата мајка
Овие кифлички мирисаат толку вкусно, што ќе ги изедете уште пред да ги послужите
Потребни состојки:
- 500 грама брашно тип 500
- 500 грама брашно тип 400
- 500-600 милилитри млеко
- 200 милилитри масло
- 80 грама свеж квасец
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици сол
- Ким, сусам, мак или сол за декорација
Начин на подготовка:
Најпрво погрижете се кујната ви биде загреана бидејќи кифлите треба да се подготвуваат во топол простор. Исто така, стоплете го и млекото, но внимавајте да не биде жешко. Одвојте отприлика 100 милилитри млеко во кое ќе го измешате квасецот со шеќерот и оставете ги да се нараснат во топлата кујна. Во друг сад турете ги двата вида брашно и додајте сол, а потоа додајте го и нараснатиот квасец и нежно мешајте. На оваа смеса додајте го и маслото и повторно мешајте додека го турате и топлото млеко.
Тестото треба да се меси одредено време (сè додека не го потрошите млекото) и треба да биде меко и мазно, но и да може да се одвојува од садот без да се лепи. Откако ќе го замесите тестото оставете го да нарасне во сад на топло, прекриен со крпа. По достигнувањето на потребната големина, извадете го од садот и од целото тесто одземајте дел по дел со цел да ја поделите смесата на околу 45 делови. Откако ќе завршите со нивната поделба, повторно оставете ја смесата да се одмори, а потоа едно по едно, формирајте ги во кифлички.
Готовите кифли можат да се намачкаат со жолчка од јајце или да им се додаде ким, сусам, мак или сол. Печете ги врз хартија за печење, отприлика 10-тина минути на 220 или 250 степени (во зависност од јачината на рерната). Тие се готови кога ќе добијат жолтеникава боја. Пријатен апетит.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
kifice se bas dobar nacin potocno se mnohu brzi