Домашен рецепт за пилинг на скалпот и побрз раст на косата
Во третманите за нега на кожата, пилингот се користи со цел да се отстранат мртвите клетки. Постојат различни видови на пилинг за кожата на лицето и телото, но во овој процес на детоксикација и третмани за убавина важно е да не се заборави на скалпот. Пилинг на скалпот помага да се отстрани вишокот себум и нечистотија која не можеме да ја отстраниме со обично миење на косата, а воедно ја регенерира кожата и стимулира побрз раст на косата.
Според многу експерти за нега на коса, негата на скалпот значително влијае на здравјето и убавината на косата. Затоа, денес ви предлагаме рецепт за природен пилинг кој лесно се подготвува и за кој ви се потребни само 4 состојки.
Потребни состојки:
- 2 до 4 лажици масло од јојоба
- 2-3 лажици гранулиран бел или кафеав шеќер
- 1 лажичка јаболков оцет
- 1-2 капки масло од чајно дрво
Начин на подготовка:
Истурете масло од јојоба, оцет, масло од чајно дрво и шеќер во голема чинија. Мешајте додека не се формира еднолична смеса – за да добиете подобра конзистентност, можете постепено, лажица по лажица, да додавате масло од јојоба. Поделете ја косата на делови и нанесете ја смесата на различни делови од скалпот. Добро измасирајте ја смесата на површината на скалпот со врвовите на прстите. По масажата на скалпот, оставете ја смесата неколку минути, за кожата да ги впие корисните состојки, а потоа измијте ја косата со шампон на вообичаен начин.
Откако го прочитавте нашиот домашен рецепт за пилинг на скалпот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 видови витамини и минерали се неопходни за здрава и сјајна коса.
Извор: sensa.mondo.rs