Домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето

Домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето

Белите пори можат да настанат како резултат на претераната работа на лојните и масните жлезди, последователно на оштетувањето на кожата и изгорениците од сонцето и штетните зраци. Тие можат да се појават низ целото лице и се формираат така што кератинот, кој го произведува кожата, останува заробен под нејзината површина правејќи мали цисти во форма на бели точки.

Домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето

За жал, без одредени процедури, белите пори нема сами од себе да исчезнат, освен оние помалите кои траат 2-3 недели, но ваквиот козметички проблем можете да го победите и во домашни услови. Најдобро е да се користат комплекс природни средства и резултатите ќе бидат позитивни. Еве на кои начини можете да ги исчистите белите пори од лицето и да ја превенирате нивната појава.

Миење на лицето со ладна вода. Миењето со ладна вода придонесува за стеснување на порите и е одлична превентива против белите пори и другите проблеми со кожата како што се акните.

Пилинг за лице од лимон и шеќер. Лимонот има антибактериски, антисептични и антиоксидансни својства. Како природно средство, тој постојано се применува во негата на лицето. За пилингот ви се потребни шеќер, лимон и маслиново масло. Добро соединете ги сите состојки и нежно тријте го лицето со кружни движења. Оставете да делува 15-20 минути и потоа измијте го лицето.

Домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето

Масло од чајно дрво. Ова е природно средство за дезинфекција на кожата. Има антибактериски и антигабични својства, што помага кожата да изгледа почиста и поотпорна на инфекции. После миењето на лицето, нанесете го маслото на местата зафатени со бели пори со помош на чепкалки за уши. Оставете да делува преку ноќта и наутро измијте го лицето.

Прав од калинка. Земете кора од калинка и ставете ја во рерна да се исуши додека не добие кафеава боја. Потоа, со помош на мелница за кафе иситнете ја во прав. Направете маска така што ќе го помешате правот со лимонов сок. Нанесете ја маската на лице и оставете да делува 15 минути, а потоа измијте ја. Нанесувајте ја маската 2-3 пати неделоно и недостатоците на кожата ќе исчезнат.

Доколку вашата кожа е склона на појава на бели пори, акни и мозолчиња, обидете се да избегнувате подолг престој на сонце и носете соодветна заштита.

Домашен пилинг кој ги чисти белите пори и маснотиите од лицето


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар