Домашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летото

Домашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летото

Започна сезоната на вишните, а ова неверојатно овошје со кисело-сладок вкус може да се користи за подготовка на слатки, компот, сирупи, но и на вкусен ликер – сладок аперитив, којшто сите го сакаме. Доколку досега не сте подготвувале ликер од вишни или пак, ако сакате да испробате некоја нова техника, овој наједноставен рецепт, е создаден како за вас!

Домашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летото

Потребни состојки:
  • Вишни
  • Ракија
  • Шеќер
Начин на подготовка:

Измијте ги вишните и извадете ги рачките и листовите. На дното од поголема тегла ставете ред вишни, a потоа врз нив посипете подебел слој шеќер. Над шеќерот наредете втор ред вишни, а потоа уште еден слој шеќер. Повторувајте ја оваа постапка сè додека теглата не се наполни речиси до врвот. Теглата со ова прекрасно овошје, ставете ја на место каде што има многу сончеви зраци и затворете ја со мала чинија (никако со капак за тегла). Кога шеќерот целосно ќе се стопи, теглата до самиот врв наполнете ја со ракија, нежно измешајте и затворете ја со капакот. Оставете го ликерот да отстои на темно место барем еден месец. Потоа, тој е подготвен за дегустација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар