Долната облека на Кристијано Роналдо
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо, од неодамна стана и моден креатор. Првата колекција која ќе го носи неговиот потпис е направена во соработка со дизајнерот Ричард Чаи кој живее и работи во Њујорк.Сите модели, бои и материјали кои се употребени за изработка на оваа серија долна облека за млади момчиња се одбрани во консултација со познатиот фудбалер. Серијата е наменета за сите момчиња кои се фанови на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, па затоа во рекламата е вклучено и момчето Хектор кое е страстен обожавател на овој клуб.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.