Докторка тврди дека менструалните болки се полоши од инфаркт

Докторка тврди дека менструалните болки се полоши од инфаркт

Лекарите конечно почнаа да сфаќаат дека менструалните болки можат да бидат навистина силни. Една докторка дури тврди дека болката од менструацијата е поинтензивна и од инфарктот. Но, нештата се малку покомплицирани одошто мислите.

Докторка тврди дека менструалните болки се полоши од инфаркт

Гинекологот Џен Гантер смета дека менструалните болки се всушност посилни од инфарктот, но со оглед на тоа што станува збор за нешто сосема различно, овие две појави не треба да се споредуваат. Таа си го искажала мислењето на својот блог, притоа напоменувајќи дека инфарктот не секогаш предизвикува болка.

„Ако чекате ужасна и силна болка во градите која ќе ви каже дека имате инфаркт, па, ќе го испуштите инфарктот. Инфарктите често предизвикуваат благи симптоми или блага болка, па поради ова многу луѓе ги игнорираат. Многумина мислат дека имаат проблеми со дигестијата. Покрај ова, повеќе од 40% од жените не чувствуваат болка за време на инфаркт. Навистина е опасно жените да мислат дека инфарктите треба да бидат барем приближно болни колку и менструациите.“

Националната здравствена служба го потврдува ова и цитира истражување кое открило дека дел од мажите и жените не чувствуваат никаква болка за време на инфарктот. Исто така, жените имаат помали шанси да почувствуваат болка за разлика од мажите.

Ова не значи дека никогаш не се појавува болка во градите, туку дека постојат многу симптоми. Доктор Гантер смета дека причината за ова недоразбирање е тоа што болката од внатрешните органи често е многу комплексна.

Името кое го имаат болните менструации е примарна дисменореа и се јавува кај половина од жените. Група липидни состојки наречени простагландини се ослободуваат од матката за време на менструацијата. Тие предизвикуваат болни контракции, со тоа зголемувајќи ја болката. Исто така кај 60% од жените тие предизвикуваат вртоглавица, повраќање и дијареја.

„Па ако ви е потребна аналогија за да ја опишете менструалната болка замислете си породување или да си го пресечете прстот без анестетик. Инфарктот често не е болен или е малку болен, особено кај жените, па според мене оваа аналогија не одговара.“

Прочитајте и кои навики ќе ги намалат вашите менструални болки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар