Доколку жената изгледа неверојатно по 10 години брак, честитајте му на сопругот
На сите ни е позната изреката дека зад секој успешен маж стои жена. Но кој стои зад убавите, негувани и привлечни жени, кои изгледаат неверојатно и после 2 деца и 10 години брак? За ова треба да им честитате на нивните сопрузи, бидејќи тоа е нивна заслуга.
Овие мажи не ги малтретираат жените на никаков начин. Исто така тие не ја оставаат целата работа во домот на сопругата. Тие не ги делат обврските на машки и женски. Тие не го повишуваат гласот и не го критикуваат готвењето на сопругата. Овие мажи немаат проблем со кратките здолништа на нивната сопруга и никогаш не ни помислиле да ја удрат.
Баш напротив, овие мажи им помагале на нивните сопруги. Тие се свесни дека нема да ја изгубат вредноста доколку ги измијат садовите. Тие знаат дека дури и ако готвењето не им е силна страна, сепак треба да се обидат.
Овие мажи не ги критикуваат нивните сопруги за нивната облека, туку им кажуваат колку убаво им стои. Тие не испуштаат ниту една можност да ѝ дадат комплимент на својата сакана. Овие мажи ги тешат сопругите кога се исплашени, загрижени или тажни. Благодарение на ова, нивните сопруги се претвориле во преубави, елегантни жени кои сакаат засекогаш да останат такви за себе, но и за нив.
Комплиментите прават жените да блескаат, бакнежите согоруваат калории, а прегратките подмладуваат. Овие жени само повеќе и повеќе се вљубуваат во нивните сопрузи. Повеќе се трудат за нив бидејќи знаат дека вреди. Ова е парот на кој сите мажи и жени му завидуваат. Изгледот на жената најдобро кажува каков е нејзиниот сопруг и што се случува во нивниот дом.
Доколку вашиот сопруг ги прави овие работи, сте погодиле вистински џек-пот.