Доколку сте биле доволно среќни да најдете чудак, не дозволувајте тој или таа да ви избега од раце
Дали сте во врска со личност која е целосно надвор од својот ум? Дали сметате дека тој или таа е тотално луд/а? Доколку ве прашаме да го/ја објасните со само еден збор, дали тоа би било чудак? Ако одговорот на овие прашања е позитивен, тогаш вие сте многу посреќни отколку што мислите. Откријте зошто…
Чудакот никогаш нема да дозволи да има повеќе караници за ист проблем
Исто како и со другите партнери, така и со чудаците ќе налетате на недоразбирања. Тоа е сосема нормално во секоја врска. Но, за разлика од останатите луѓе, тие никогаш нема да ви дозволат да се навраќате на стари проблеми. Врската со чудаците изобилува со нови нешта, нови вкусови како и нови погледи кон животот.
Чудакот никогаш нема да има нереални очекувања од врската
Всушност, тие немаат никакви очекувања од вас или вашата врска. Чудаците гледаат на врските исто како на животот – постојано се движат напред, надевајќи се на најдоброто. Тие никогаш не започнуваат врска со детални планови за она што го очекуваат од неа бидејќи знаат дека таа е исто толку непредвидлива и непозната како и животот.
Чудакот ќе ве запознае со вашата луда страна
Вие мислите дека се познавате целосно сè додека не сретнете личност која ќе ги предизвика сите делови од вашето постоење. Чудаците ве тераат да се замислите за животот, за вашите страсти како и за сите оние нешта кои ги правите. Под нивно влијание, вие преминувате од личноста која сте биле во онаа која би можеле и сакате да бидете.
Чудакот никогаш не може да биде заменет
Вие знаете дека не смеете да ја пуштите оваа личност да си оди бидејќи никој во иднина нема да може да ги пополни неговите или нејзините чевли. Никој друг нема да може да ви покаже толку многу, да ве научи на толку нешта и да ве предизвикува на начинот на кој тоа го прават чудаците.
Чудакот без прашање ќе ве сфати доколку ви е потребно време за ваша авантура
Не само што тие ќе ве поддржуваат за вашите истражувања, туку и ќе ве поттикнуваат на истите. Тие не сакаат само да бидат покрај вас, туку и да ви го покажат патот. Чудаците веруваат во сите исто толку колку што веруваат во самите себеси и токму оваа поддршка е онаа која ќе ви го промени животот.
Чудакот ќе направи да заборавите на надворешниот свет
Пред да ги запознаете чудаците, вие знаете само за еден свет – надворешниот. Вие воопшто можеби и не сте свесни за оној свет кој вие сте си го создале за самите вас. Но, откако тие ќе влезат во вашиот живот ќе сфатите како е да се живее во други светови без воопшто да треба да излезете надвор во општеството. Исто така чудаците ви покажуваат дека единствениот свет за кој треба да се грижите е вашиот.
Чудакот ќе ви помогне секоја ваша креативна идеја да ја претворите во реалност
Без разлика колку е чудна, апсурдна или луда вашата идеја, тие нема да ви дозволат да се откажете од неа. Баш напротив, ќе ви помогнат да ја обликувате и реализирате. Сите оние мали мисли на кои воопшто не сте им обрнувале внимание одеднаш ќе добијат големо внимание и вие ќе посакате сите да ги проширите и остварите. Сите оние мали соништа кои не сте си дозволувале да ги истражувате бидејќи сте сметале дека се премногу чудни се омилената тема за разговор на чудаците.
Чудакот никогаш нема да направи да се почувствувате непријатно за себе
Тие сакаат да бидете чудни бидејќи тоа е нешто сосема нормално за нив. Чудаците копнеат за вие да им ја покажете онаа страна од себе која ја криете од светот. Тие се подготвени да ги истражат сите ваши внатрешни делови, па дури и најапсурдните агли. Токму затоа нема потреба ништо да криете од нив.
Чудакот е секогаш вреден за драмата
Да, точно е дека чудаците не се секогаш лесни за справување, но дефинитивно вредат за маката. Тие ќе донесат многу драма и интензитет со себе, но токму тоа и ќе го направи вашиот живот вреден за живеење. Откако во вашиот живот ќе влезе чудак, сите оние денови кои сте ги поминувале во монотона рутина за вас ќе се претворат во судбина полоша од смртта. Чудаците никогаш нема да дозволат да ви биде здодевно.
Чудакот ќе ве научи како да се смеете на сè
Тие ќе ви покажат какво е чувството да не сфаќате ништо сериозно, па дури ни вас самите. Животот е премногу краток и чуден за да судите, па токму затоа нема потреба да бидете толку сериозни. Насмевката може да ве одведе многу подалеку отколку што некогаш сте замислувале.
Чудакот ќе ви го овозможи најдобриот секс кој некогаш сте го имале
Чудаците немаат цензура, па токму затоа и се слободни да прават сè што ќе почувствуваат во сексот. Тие не се нервозни или исплашени, баш напротив секогаш се расположени за пробување нешто ново. Тие сакат нивните животи меѓу чаршафите да бидат исто толку спонтани и луди како и оние надвор од нив. Тие не се плашат да ја покажат својата вистинска и гола слика за себе.