Доколку сакате да имате здрава љубовна врска, мора отворено да ги признаете овие 9 нешта

Доколку сакате да имате здрава љубовна врска, мора отворено да ги признаете овие 9 нешта

Кога ќе почнете да чувствувате дека вашата врска станува сериозна, постојат неколку нешта кои мора отворено да ги признаете и искрено да разговарате за нив. Особено кога станува збор за компатибилност, најмногу затоа што комуникацијата, отвореноста и довербата се темели на секоја здрава врска. Многу често паровите ги избегнуваат овие важни теми или пак, кријат одредени нешта кои понатаму во врската можат само негативно да влијаат. Токму затоа ако сакате вашата врска да биде здрава и долготрајна, погледнете ги овие 9 теми за кои мора искрено да разговарате…

Доколку сакате да имате здрава љубовна врска, мора отворено да ги признаете овие 9 нешта

1. Финансиски статус

Дали еден од вас двајца има долг? Дали сте одлични во штедењето или пак, многу трошите? Можеби овие прашања не се многу важни на почетокот на врската, но доколку работите помеѓу вас стануваат посериозни, тогаш потребно е да го поделите товарот.

2. Ставови во однос на парите

Вие би требало знаете како вашиот партнер размислува во однос на штедењето и трошењето. Доколку еден ден живеете заедно, дали би сакале да имате заедничка сметка или да ги држите нештата одвоени? Доколку еден од вас заработува помалку пари, како тоа ќе влијае на другиот? Исто така имајќи ја на ум вашата финансиска состојба, треба да разговарате и за летувањето и/или зимувањето.

3. Религиозност

Дали еден од вас се идентификува со одредена вера? Колку се силни вашите религиозни верувања? Доколку еден ден планирате да имате деца, дали сакате тие да растат на одреден начин? Можеби во моментов чувствувате дека кога станува збор за религија, љубовта нема граници. Но, и покрај тоа што таа навистина во ретки случаи е препрека, понекогаш добро е да знаете дали во иднина би имала потенцијал негативно да влијае врз вашата врска.

4. Размислувања за деца

Пред вашата врска да стане премногу сериозна, вие би требало да разговарате за вашите планови за деца. Откако ќе размислите добро за вашиот став на оваа тема, прашајте го и партнерот што мисли. Доколку се согласувате, преминете на следниот чекор. Кои се вашите погледи во однос на родителството и родовите улоги? Дали некој од вас би се откажал од работата за да ги чува децата или пак, ќе најмите беби-ситерка?

5. Посветеност на работата

Амбиција, посветеност, финансиска стабилност… Можеби овие нешта ви звучат одлично кога сте сингл, но доколку сте „венчани“ за својата работа, тоа понекогаш може да попречи во односот со вашиот партнер. Откријте дали вие и/или личноста со која сте во врска сте способни паралелно да се посветите и на кариерата и на љубовта. Потребно е да знаете како да водите здрав баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот со цел да можете добро да функционирате заедно.

6. Промена на местото на живеење

Дали ви се допаѓа животот во местото каде што сте сега или пак, можеби посакувате да се обидете да успеете на некое ново место? Колку сте отворени за можноста да се преселите? Од друга страна пак, доколку еден од вас ја добие работата од соништата во друга држава, дали вие заедно би оделе таму или во тој момент вашата врска ќе дојде до крај?

7. Здравствени проблеми

Дали некој од вас има големи здравствени проблеми? Дали станува збор за нешто заразно или пак, нешто што директно влијае врз животниот век? Дали тие би можеле да имаат влијание и врз вашите идни деца? Сите овие прашања мора да се одговорат во што е можно порана фаза од врската со цел да избегнете непријатни изненадувања подоцна.

8. Сексуален живот

Сексот е една од најголемите причини за караници во врските. Понекогаш дури и браковите се распаѓаат поради проблеми поврзани со него. Токму затоа многу е важно порано да откриете дали сте сексуално компатибилни и во однос на вашето либидо, но и во степените на „перверзност“ и потреби за задоволување.

9. Социјални навики

Спротивностите се привлекуваат, тоа никој не може да го негира. Но, понекогаш кога ќе се заљубат интроверт и екстроверт работите можат да функционираат многу потешко одошто тие на почетокот мислеле. Токму затоа многу е важно да внимавате на удобноста на вашиот партнер со цел да не дозволите различни социјални ситуации да доведат до оддалечување помеѓу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар