Доколку не сте пробале: Рецепт за помфрит од моркови

Доколку не сте пробале: Рецепт за помфрит од моркови

Дали некогаш сте пробале помфрит од моркови? Денес ви споделуваме брз и вкусен рецепт! Потребни ви се само неколку состојки, а помфритот можете да го консумирате како ужина или како вечера.

Доколку не сте пробале: Рецепт за помфрит од моркови

Овој хранлив зеленчук е една од најмоќните алатки кои ќе ви помогнат да го одржите здравјето, а одличен е и за грицкање свеж, но мора добро да го измиете. Морковот содржи каротин, витамин К, витамин Ц, витамин Е, витамин Б1, Б2, Б3, Б6, фолна киселина, фосфор и калиум. Богат е и со витамин А, кој е најпознат по својата улога во одржувањето на здравјето на очите, а редовното консумирање моркови може да го намали ризикот од мозочен удар за 40 проценти, да го стимулира варењето и функцијата на црниот дроб, да заштити од неколку видови на рак и да го зајакне имунитетот.

Достапен е во текот на целата година и лесно може да се вклучи во сите оброци и ужинки за сите возрасни групи.

Потребни состојки:

  • морков
  • маслиново масло
  • зачини

Зачините ги избирате по ваш вкус, а најчесто се користи мелен црвен пипер, сол и бибер. Излупете го морковот и исечете го на мали парчиња со големина на помфрит. Ставете ги парчињата морков на хартија за печење и зачинете со зачините по желба – сол, бибер, црвен пипер, лук, оригано, магдонос и додајте маслиново масло. Загрејте ја рерната на 220 степени целзиусови и оставете го помфритот во рерна околу половина час. Со овој одличен оброк можете да направите и сос по ваш избор, особено од јогурт, кој одлично ќе се комбинира со морковот.

Откако го прочитавте овој рецепт можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за пире од моркови што може да се служи со печено месо.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар