Доколку ги сакате вашите деца повеќе од сопругот, правите голема грешка
Ако сакате вашиот брак да преживее откако децата ќе дојдат, тогаш мора да го прочитате овој текст и добро да размислите. Постојат многу статии со наслов „Зошто мајките ги сакаат децата повеќе отколку сопругот?“, и сите тие се напишани од жени или мажи кои поминуваат токму низ тоа искуство. Но, и покрај тоа што вие треба да ги сакате вашите деца многу, не треба да ги сакате повеќе од вашиот сопруг.
Вашиот сопруг треба да вашиот љубовник, личноста на која можете во секое време да се потпрете и вашиот најголем фан. Истото треба да бидете и вие за него. Љубовта кон партнерот е многу различна од онаа која ја чувствувате за вашите деца, но таа треба да остане поинтензивна, подлабока и повозбудлива. Тоа е единствениот начин на кој можете да имате силен и здрав брак. Ако не сте во добар и близок однос со вашиот сопруг како би можеле целосно да го доживеете мајчинството?
Голем број од паровите со мали деца се истоштени, лути и неповрзани во бракот. Ова најчесто се случува бидејќи жената се фокусира на децата, додека пак мажот се насочува кон работата. Можеби на почетокот ова ќе ви изгледа како добра идеја, но како што поминува времето, така врската ќе почне многу да страда. Кога паровите ќе стапат во брак, пред да имаат деца, тие имаат доволно време, енергија и пари да се посветат целосно на својата врска. Тие излегуваат на вечера, или пак одат во кино без да размислат два пати. Можат да имаат секс во било кое време без да се грижат дека ќе го разбудат своето бебе или пак, дека детето ќе им истрча низ врата. Откако децата ќе влезат во комбинација, родителите некако успеваат да заборават што значи да се биде љубен и почитуван од страна на својот партнер.
Оваа грешка ја прават голем број жени бидејќи тие веруваат дека само на овој начин ќе бидат добри мајки и дека нивните сопрузи ќе бидат во ред и полни со разбирање. Но, во реалноста сопрузите се чувствуваат турнато настрана, отфрлено дури и од родителската улога како татко и со тек на време престануваат да се трудат во својот однос со жената. Како резултат и во двајцата се собира голема лутина и огорченост која неизбежно ќе доведе до лош брак, а понатаму дури и до крај.
За вашиот брак да може да успее, вие мора да најдете начин како да направите баланс помеѓу децата и вашиот партнер и да не ги ставате секогаш децата на прво место. Тие имаат потреба од исто толку внимание како и вашата врска. Добрите мајки и татковци почнуваат како добри сопруги и сопрузи. Доколку вашите емоционални потреби не се задоволени од страна на вашиот партнер, вие ќе почнете да барате други начини да ги задоволите, што не е ниту здраво, ниту позитивно за вашиот брак и за децата. Со тек на време, доколку и потребите на вашиот сопруг не се задоволени, тој сигурно ќе посегне надвор од врската за да го стори тоа. Запомнете, вашата самодоверба како партнер не е иста со самодовербата како родител, но тие директно влијаат една на друга.
Па, дали мислите дека вашиот брак може да преживее додека вашите деца се отселат, доколку не почнете да вложувате вистинско време и енергија во вашата врска? Исто така, не заборавајте дека вие им поставувате пример на вашите деца, за како мајката и таткото треба да се однесуваат и уште поважно, тие ве гледаат учејќи што значи да се биде добра сопруга и добар сопруг.