Доколку ги правите овие 10 нешта, вие имате ПРЕМНОГУ високо мислење за себе

Доколку ги правите овие 10 нешта, вие имате ПРЕМНОГУ високо мислење за себе

Овие 10 совети не само што ќе ви помогнат да бидете поприземни, туку тие исто така имаат моќ и да ги подобрат врските во вашиот живот бидејќи со нивна помош ќе бидете способни вистински да ги видите вашите добри и лоши навики кои се појавуваат за време на интеракцијата со останатите. Да не должиме, погледнете ги наредниве знаци кои укажуваат дека можеби не сте толку совршени колку што вие мислите…

Доколку ги правите овие 10 нешта, вие имате ПРЕМНОГУ високо мислење за себе

1. Ги исфрлате од вашиот живот пријателите кои не се согласуваат со вас

Една од најдобрите начини да се покаже зрелоста и интелигенцијата е способноста да се слушаат и ценат туѓите размислувања, дури и ако не се совпаѓаат со вашите. Наместо да ги отфрлате нивните спротивни размислувања, гледајте ги како можност да ги проширите вашите хоризонти, да учите и да се развивате.

2. Озборувате позади грб

Озборувањето никогаш не носи ништо добро. Тоа во повеќето ситуации е неточно и болно за оние кои се тема на разговор, а оние кои озборуваат и шират гласини се најчесто луѓе кои се несигурни во себе. Личноста со голема самодоверба нема потреба да ги критикува останатите.

3. Вие ги пренагласувате вашите постигнувања

Сте забележале како оние кои имаат добиено Нобелова награда или други високи признанија никогаш не ги нагласуваат овие постигнувања? Причината лежи во тоа што тие знаат колку вредат и немаат потреба од дополнителни пофалби. Доколку сметате дека ви е потребно да ги нагласувате своите постигнувања или пак, да ги создавате само со цел да бидете поинаку перципирани од луѓето, тогаш можеби треба да размислите малку повеќе за патот кој сте го одбрале со цел да станете личност која вреди во очите на другите.

4. Никогаш не ја покажувате својата ранлива страна

Силните момци и лошите девојки се само силеџии кои немаат доволно пристап до своите емоции. Сочувството, добрината и емпатијата се оние кои ќе ве водат низ животот и доколку не верувате во тоа, потсетете се дека луѓето често повеќе им помагаат на оние личности кои им се допаѓаат, отколку на оние кои воопшто не ги сакаат.

5. Не знаете како да прифатите конструктивен критицизам

Само затоа што некој ве критикува, тоа не значи дека оваа личност се обидува да ви каже дека сте лоши. Тие само сакаат да ви покажат дека постои можност за напредок. Гледајте на конструктивниот критицизам како на можност да научите од грешките на луѓето наместо да се лажете себеси и да се лутите за вашите послаби страни.

6. Вие сметате дека сте исклучок од сите правила

Вие едноставно одбивате да ги следите правилата и со тоа негативно влијаете врз останатите луѓе. Со вашето одбивање да ги следите правилата (и законите) вие само правите простор да се создадат нови правила. Не постои никаква придобивка од тоа да бидете доживеани како незрели и будалести, токму затоа направете си услуга и почнете да го правите она што треба да го правите.

7. Вие не сте подготвени да го работите она што е навистина потребно за да ги остварите вашите соништа

Никој нема да ви понуди многу пари и огромна куќа за правење ништо. Никој не ви должи живеење, па токму затоа излезете надвор и заработете сами за вашиот опстанок. Не се станува успешен преку ноќ и токму затоа е потребно да вложите многу време и труд доколку сакате да успеете во вашиот живот.

8. Се плашите да преземате ризици

Доколку вашите родители сè уште ве финансираат, тоа на никој начин не е нешто неверојатно. Најдете ваша работа, заработете ваши пари, купете си ваша кола и преселете се во ваш дом. Секако, секогаш постои ризикот да не успеете со вашата идеја, но како би го дознале тоа доколку никогаш не сте пробале? Време е да пораснете. Независните личности со висока самодоверба не само што се посреќни, туку тие исто така се и многу попривлечни за останатите.

9. Се криете позади лажни профили и врски

Луѓето кои се емоционално зрели и живеат исполнет живот не се кријат позади лажни профили на социјалните мрежи и не навлегуваат во врски базирани на измислен лик. Доколку ова често ви се случува, тогаш можеби е време да се запрашате што е тоа кај вас што ве тера да се криете од светот? Доколку не можете да дојдете до одговор сами, можеби би требало да побарате професионална помош.

10. Не преземате одговорност за вашите дела

Доколку имате тенденција да ги вртите работите наопаку и да ја префрлате вашата вина врз други луѓе, наместо да преземете одговорност кога станува збор за вашите дела, тогаш вие не сте толку неверојатни колку што мислите дека сте. Да се биде успешна, зрела и добра личност може да се постигне само доколку се презема одговорност за она што било направено. Доколку направите грешка, научете од неа. Доколку повредите нечии чувства, извинете се. Тоа е многу едноставно и верувајте, на овој начин и вие ќе се чувствувате подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар