Доколку ги користите овие 5 фрази на работа, никој нема да ве гледа како силна и самоуверена личност

Доколку ги користите овие 5 фрази на работа, никој нема да ве гледа како силна и самоуверена личност

Што кажуваме, каде го кажуваме и пред кого се работи кои директно влијаат на туѓото мислење за нас. А кога станува збор за мислењето на професионален план, тогаш мора да бидеме претпазливи со секој збор кој излегува од нашата уста. На пр., сакајќи да бидеме фини и обѕирни, често знаеме да излеземе како слаби и несигурни во себе, а причината е што во зборувањето вметнуваме фрази кои кај останатите оставаат впечаток дека не сме цврсти личности. Следниве 5 фрази се најупотребуваните меѓу нив и треба веднаш да ги исфрлите од вашиот речник.

(2)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mk

1. „Значи“

Дефинитивно еден од зборовите кои не само што ќе направат да изгледате несигурно, туку и чија честота на користење неминовно ќе ги изнервира вашите соговорници. Сакате да ве сфатат сериозно? Тогаш веднаш најдете начин да се ослободите од стегите при изговарањето на овој збор. Вежбајте пред огледало, правете кратки паузи секој пат кога ќе ви дојде да кажете значи.

2. „Извини“

Не баш сѐ она за кое се извинувате го бара тоа од вас, нели? Претераното извинување се одразува лошо на вашата самодоверба и остава впечаток дека таа е на многу ниско ниво. Со оглед на тоа дека во поголемиот дел од случаите не сте ни погрешиле толку многу колку што мислите, покажете малку поголема самоувереност и самопочит и извинувајте се само тогаш кога навистина ќе имате за што.

(1)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mk

3. „Не знам дали ќе можете, но…“

Доколку сакате некој да направи нешто, тогаш ова е дефинитивно начинот на кој НЕ треба да го побарате тоа. Дури и кога станува збор за личност која се наоѓа на повисока работна позиција, секогаш постојат други начини кои поефективно ќе ја завршат работата. Бидете сигурни во себе и одлучни, па наместо не знам дали…, обидете се со би сакале ли…

4. „Жал ми е што ви пречам, но…“

Кога станува збор за нечие време, тогаш имајте почит за истото и не го трошете залудно со фрази како оваа. Сакате да ве забележат? Сакате помош со нешто? Вака сигурно нема да ја добиете. Имате право да прашате што и да ве интересира и секој, доколку сака, може да одвои неколку минути од своето драгоцено време за да ви одговори. Затоа, следниот пат обидете се со Кога ќе имате време, би го сакал/а вашето мислење за… или фрази слични на оваа.

(3)-dokolku-gi-koristite-ovie-5-frazi-na-rabota-nikoj-nema-da-ve-gleda-kako-silna-i-samouverena-lichnost-kafepauza.mk

5. „Се надевам дека е во ред“

Дали се сомневате во себе? И зошто тогаш вашиот работодавец или колеги би требале да ве сфатат сериозно? Не очекувајте другите да веруваат во вашите способности кога вие самите делувате несигурни за тоа колку добро сте ја завршиле работата. Кога навистина одлично сте ја изработиле задачата и го знаете тоа, нема потреба од вакви коментари. Покажете поголема самодоверба и цврсто стојте позади сработеното бидејќи само така ќе ја добиете почитта која ја заслужувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар