Добриот шеф „умножувач“ ја поттикнува интелигенцијата и тимските достигнувања

Добриот шеф „умножувач“ ја поттикнува интелигенцијата и тимските достигнувања

Лошите шефови се „потценувачи“. Тие се оние кои ја црпат енергијата, мотивацијата и ги потценуваат сите други карактеристики што го красат добриот работник. Од друга страна, добриот шеф ја умножува енергијата на вработените.

Добриот шеф „умножувач“, ја поттикнува интелигенцијата и тимските достигнувања

Што значи да се биде добар шеф е прашање што си го поставувавме многупати. Лиз Вајсмен, авторка на книгата „Multipliers“, верува дека огромното мнозинство луѓе се запознати со карактеристиките на лошите шефови, а од сите луѓе со кои разговарала, малкумина работеле со добри шефови. Таа во книгата заклучува дека лошите шефови се „потценувачи“. Тие се оние кои ја црпат целата енергија, мотивацијата и другите карактеристики што го прават добриот работник.

Добриот шеф, од друга страна, ја „умножува“ енергијата на вработените. Добрите шефови ќе ве натераат да се чувствувате како да не сте биле на работа, додека лошите ве одвраќаат од работното место наутро.

Шефовите „потценувачи“, иако често се интелигентни и способни, понекогаш ги задушуваат идеите на своите вработени кои, како резултат на тоа, се чувствуваат помалку вредно и неисполнето.

„Умножувачите“ ја поттикнуваат интелигенцијата и достигнувањата на нивните тимови. Тие се обидуваат да го извлечат најдоброто од сите и да ги прикажат вработените во најдобро можно светло – според Вајсмен.

Авторката во книгата зборува и за „магнетите за таленти“. Ова се луѓе кои знаат да создадат одличен тим. Тие не градат тимови од луѓе со исти таленти, но природно знаат како да ги спојат различните особини на вработените. Тие веруваат дека главната поента е во тоа добриот работник да не брза во донесувањето одлуки, туку да го открие проблемот и да даде предлог за негово решавање, осознавајќи ја својата улога во него. Тие, исто така, веруваат дека добриот вработен треба да го убеди шефот во неговата способност на пријателски начин.

Меѓу карактеристиките што вработените сакаат да ги препознаат кај својот шеф се: едноставноста, искреноста, хуманоста, затоа што повеќето луѓе се одвраќаат од арогантните личности. Транспарентноста и дарежливоста се, исто така, многу важни. Не се работи секогаш за пари, туку за пофалби и желба за споделување нови знаења. Вработените ја потенцираат и трпеливоста и чесноста како многу важни карактеристики кај добрите шефови.

Можеби сакате да прочитате и дека вработените даваат отказ поради лошите шефови, а не поради работата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар