Добри новости: Зошто никогаш не треба да го прескокнувате десертот?
Ако и вие секој ден се соочувате со желба за слатки, не заборавајте дека е здраво да ја задоволите потребата на вашето тело. Спротивно на општото верување, десертите се многу добри за нашето здравје, па токму затоа и не би требало да се одрекувате од нив.
1. Тие буквално ве прават среќни
Се сеќавате на она чувство кога ќе го изедете вашиот омилен колач и одеднаш веднаш почнувате да се чувствувате подобро? Тоа се случува бидејќи десертите се исполнети со голем број јаглехидрати кои му помагаат на мозокот и телото да произведуваат различни хормони кои предизвикуваат чувство на среќа.
2. Ја олеснуваат диетата
Желбата за благо е една од најголемите причини зошто луѓето ја „прекршуваат“ својата диета. Но, доколку целосно престанете да консумирате благо, на долг рок нема да ви биде од голема помош. Истражувањата покажале дека оние кои се исхрануваат здраво, но не ги исфрлаат целосно богатите десерти имаат поголем успех при слабеењето бидејќи нивното тело се чувствува позадоволно.
3. Ги намалуваат негативните ефекти на диетите
Наглото исфрлување јаглехидрати и шеќери од исхраната доведува до потреба за гликоза, па тоа може да предизвика намалување на вашата енергија, чувство на умор додека сте на оваа исхрана и зголемена желба да посегнете по благо.
4. Преку нив можете да внесете повеќе овошје во организмот
Овошјето е неопходно за нашето здравје, но многу често ние не сме свесни дека не го јадеме доволно. Токму затоа овошните десерти можат да ви бидат од огромна помош. Надополнете го вашиот омилен сладолед со боровинки и малини, испечете колач со кајсии или пак, прелијте ги бананите со чоколадо.
5. Содржат важни хранливи материи
Поголемиот дел од диетите кои забрануваат консумација на јаглехидратите не ги земаат во предвид нивните клучни хранливи материи. Десертите можеби не се најздравиот облик на јаглехидрати, но со контролирана количина можат да се претворат во нивен главен извор.