Добра вест: Слободно искористете го чоколадото што почнало да белее
Речиси на секој му се има случено да отвори чоколадо чијашто површина побелела. Сепак и тоа може да се искористи. Белата површина може да се формира кога чоколадото, додека е во својата амбалажа, омекнува толку при што кристалите на какао путерот се стопуваат, а молекулите на мастите излегуваат на површината и формираат нови кристали.
Чоколадото исто така може и да „зашеќери“, а ова се случува кога водата или влагата ќе навлезат преку амбалажата и ќе го разложат шеќерот од чоколадото. Кога водата ќе испари, мазниот слој шеќер останува на површината. Но, добрата вест е и што дури и ваквото чоколадо не е бескорисно, иако не може да се користи како порано. Ако правите некој фил со него, белиот слој, без разлика дали е од мастите или шеќерот, повторно ќе се појави.
Меѓутоа, ова чоколадо може да се користи за печење колачи, како додаток во тестото. Исто така тоа може слободно и да се јаде, но ќе почувствувате разлика во вкусот.