До сите нови мајки: Дознајте зошто НЕ СМЕЕТЕ да дозволите да го бакнуваат вашето новороденче!

До сите нови мајки: Дознајте зошто НЕ СМЕЕТЕ да дозволите да го бакнуваат вашето новороденче!

„Беше толку страшно, што болката ми ја искрши душата. Таа беше здраво, слатко и среќно бебе. Кога почина, ја земав во раце и ѝ ја пеев песната ‘Ти си мое сонце’“, објаснува Абигејл Френд (19) од Америка, чија ќерка починала брзо по раѓањето.

Елајза Роуз живеела 8 денови. Таа починала од неонатален херпес, предизвикан од вирусот ХСВ1, што го добила преку нечиј бакнеж. Првите 36 часа по раѓањето сè било во ред. Девојчето било сосема здраво. Но, потоа, одеднаш качила висока температура, станала летаргична и целосно изгубила интерес за храна. Од тој момент, ситуацијата станувала само полоша. Тешко дишела, бидејќи вирусот ѝ ги зафатил белите дробови, и се проширил и кон мозокот. Почнала да отекува, бидејќи течностите ѝ се насобирале во белите дробови, а ѝ отекувал и мозокот.

„Докторите ѝ дадоа коктел од лекови за да ѝ го олеснат страдањето, но од нив доби напади. Ја ставија на апарат за дишење, и на крај беше споена на толку многу машини и цевки, што беше страшно за гледање“, објаснува младата мајка.

Откако починала, докторите им објасниле на родителите дека најверојатно била заразена преку нечиј бакнеж, којшто бил преносител на вирусот. Токму затоа и Абигејл на Фејсбук ја покренала иницијативата „Миј раце, не бакнувај бебе“, која била подржана од над половина милион луѓе.

„Ја прогласија за мрва на 20 мај оваа година. Не поминува ниту еден момент да не помислам на неа, постојано ми е во мислите“, вели мајката.

Таа исто така додала дека не може да знае кој ѝ го пренел вирусот на малата, а освен со бакнеж, може да се пренесе и со неизмиени, контаминирани раце.

„Таа беше сосема здрава кога се роди, а вирусот ѝ го уништи телото за 6 и пол дена. Неколку членови на семејството и пар блиски пријатели дојдоа да ја посетат кога се роди. Но, не постои начин да се дознае кој ја зарази. Можеше да биде кој било од нив. Можеше да биде и докторот“, вели таа.

Ѝ биле потребни месеци на Абигејл за да дојде на себе и да може да зборува за тоа што се случило. Но, за неа е важно да ја пренесе својата порака за да ги предупреди сите идни родители да не дозволат истото да се случи и на нивното бебе.

„Вирусот е фатален за новороденчињата во првите две недели по раѓањето. Дури и родителите можат да го пренесат. Јас не знаев дека тоа може да се случи сè додека не беше предоцна“, додава таа.

Ако истражите малку повеќе на оваа тема, ќе откриете дека постојат два вида од вирусот херпес симлекс, што ја заразуваат кожата. Тоа се ХСВ1 и ХСВ2 – вообичаените предизвикувачи на рани на усните и рани на рожницата на окото. Тие обично се пренесуваат со допир на веќе заразена уста. Првиот вид може да предизвика болни рани и воспаление на устата и десните кај новороденчињата и бебињата. Оваа состојба води кон нервозност, губење на апетит и висока температура. Кај доенчињата, но и кај поголемите бебиња, инфекцијата може да се прошири низ крвта и да ги зафати внатрешните органи, вклучувајќи го и мозокот. Оваа инфекција може да доведе и до смрт.

Застрашувачки е што родителите не се доволно информирани. Австралискиот стоматолог д-р Мајкл Чонг ја промовира идејата родителите да направат преглед на усната шуплина пред да го бакнат своето бебе или да поделат лажица со него. Тој исто така предупредува дека тоа може да биде опасна навика и од други причини освен овој вирус. Родителите можеби не се свесни дека имаат кариер на забите или некои други болести, па штетните бактерии ги пренесуваат на своите деца.

Тој и советува родителите и да не дуваат во храната на децата и да чекаат самата да се излади, исто така да избегнуваат и да ја вкусуваат пред да ја стават во устата на детето. Ова можеби треба да биде логично и без да се спомне, но сепак треба да се каже – мајките во никој случај не треба да ја џвакаат храната и потоа да им ја даваат на бебињата во уста.

Д-р Чонг го нагласува и случајот со 18-дневното бебе што лани починало откако се заразило со херпес преку бакнеж од своите родители Шанеа и Никол Сифрит, од Америка. Докторите им кажале дека нивната ќерка е инфицирана со менингитис предизвикан од ХСВ1 и брзо потоа таа починала.

Постојат многу вакви случаи ширум светот, па затоа е важно да се пренесе оваа порака на сите млади родители. Ако вие очекувате или имате мало бебе, тестирајте се веднаш. Исто така, не дозволувајте никому да го бакнува вашето најмало, ниту пак да го допира без претходно темелно да ги измие рацете. Неговиот живот може да зависи од ова.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар