Дневни парчиња облека и комбинации кои го освојуваат светот на модата

Дневни парчиња облека и комбинации кои го освојуваат светот на модата

Оваа есен ни донесе бројни трендови, а некои од нив ќе ги видиме и понесеме дури и во зима. Дел од нив веднаш се издвоија и ни станаа омилени, додека останатите сè уште го бараат патот до женските гардеробери. Меѓутоа, бројни трендови го најавија своето доаѓање уште во текот на летото, па затоа ги издвоивме оние кои добија големо внимание, и кои допрва ќе го освојат модниот свет и ќе станат многу популарни.

1-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

1. Се враќаме на црната боја и прешироките блузи, особено на оние со ролка околу вратот која не е сосема тесна, туку опуштена и лежерна. Се чини дека ова ќе биде парче облека кое ќе посакаат да го имаат сите жени во наредната пролет или пак уште сега, бидејќи одлично ќе се вклопува во елегантните комбинации.

4-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

2. За овој, доста необичен тренд веќе зборувавме, но толку е изненадувачки што не треба да го испуштаме од видот. Кошулата со подолги ракави, кои одат преку дланката, полека го освојува модниот свет. Веќе многубројни модни блогерки го понесоа, па ќе видиме за колку време ќе пристигне и кај нас.

2-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

3. Топ блузите и дуксерите се популарни веќе некое време, како во лежерните, така и во елегантните комбинации. Ова е навистина добар тренд кој има начин да опстане и во студентите денови, во облик на џемпери со богати ракави кои имаат степени на себе.

3-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

4. Голите рамена отсекогаш биле доста сексапилни кај жените, па токму поради тоа често се откриваат, исто како и грбот. Но, блузите и кошулите со исечени рамена овозможуваат тие постојано да бидат откриени, а ова воедно е и моден тренд кој сè повеќе може да се види во секојдневните комбинации на девојките ширум светот.

5-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

5. Ова е тренд кој се враќа од минатото, а веднаш ќе се сетите за кој станува збор. Кошулите на преклоп, кои се врзуваат некаде околу струкот, беа популарни пред една деценија, а сега пополека повторно се враќаат во модниот свет.

6-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

6. Бројни трендови се однесуваат на посебни модни парчиња кои се многу популарни во последно време. Но, некои трендови пак се однесуваат на целокупната комбинација и изглед, бидејќи ги понеле голем број на познати дами. Токму ова се случи со комбинацијата на фармерките со широк крој, и белите топ маици или блузи. Оваа комбинација започнале да ја практикуваат многубројни манекенки и модни блогерки, а останатите девојки од светот веднаш започнале да ја „копираат“.

7-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

7. Уште една комбинација ги освојува љубителите на модата. Во последно време сè повеќе се практикува да се спојуваат неспојливи парчиња облека, како што се на пример елегантни фустани во комбинација со патики, односно парчиња кои претходно никако не требало да се вклопат. Но, оваа комбинација никогаш до сега не можеше да се види. Чипката секогаш се сметала како дел од префинетите, свечени и многу женствени комбинации, но трендот во наредните сезони ја менува нејзината улога, па затоа во комбинација со спортска јакна и фармерки, ова парче ќе биде задолжително.

8-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

9-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_

8. Доколку сте сакале пруги, но сте ги тргнале настрана поради тоа што не се носеле во последниве неколку сезони, сепак запомнете дека работите се менуваат, па тие се враќаат на големата модна врата. Повторно се носи дезен кој лесно можете да го претворите во ваша предност, бидејќи е еден од најдобрите за создавање илузии кога е изгледот во прашање.

10-dnevni-parchinja-obleka-i-modni-kombinacii-koi-go-osvojuvaat-svetot-na-modata-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар