Дланките и нивната моќ на исцелување

Дланките и нивната моќ на исцелување

Дали сте знаеле дека вашите дланки содржат вродена моќ на исцелување која се користела со векови? Постојат позиции на рацете кои се познати како „мудри“ и кои се верува дека имаат влијание врз физичката, емоционалната и духовната енергија на телото. Мудрите се користат со години од страна на многу будисти, а денес имаат свое место и во јогата и медитацијата. Погледнете дел од најчесто употребуваните мудри со кои можете многу да си помогнете…

Дланките и нивната моќ на исцелување

1. Мудра на знаењето (Gyan Mudra)

(1) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Со врвот на показалецот допрете го врвот на палецот додека останатите прсти стојат прави.

Придобивки: Го подобрува знаењето, ги стимулира хипофизата и ендокрините жлезди, ја подобрува меморијата, помага при медитација, спречува несоница, го подобрува расположението и доведува јасност во мислите.

Практика: Кога било додека седите, стоите или лежите во кревет.

2. Мудра на Земјата (Prithvi Mudra)

(2) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Со врвот на домалиот прст допрете го палецот додека останатите прсти стојат прави.

Придобивки: Ја намалува физичката и духовната слабост, може да ја зголеми животната сила, помага во чистењето на кожата и ја унапредува функционалноста на телото.

Практика: Во кое било време.

3. Мудра на водата (Varuna Mudra)

(3) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Со врвот на малиот прст допрете го палецот додека останатите прсти стојат прави.

Придобивки: Помага при балансирање на емоциите и задржување вода во телото. Таа исто така помага и при тврда столица, грчеви, регулирање на менструалниот циклус и состојбата на хормоните.

Практика: 15 минути, 3 пати во текот на денот.

4. Мудра на воздухот (Vayu Mudra)

(4) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Со палецот обвиткајте го показалецот, а останатите прсти држете ги исправени.

Придобивки: Помага при смирување на анксиозниот ум, го смирува гласот и го намалува стресот. Оваа позиција помага и при намалување на нетрпеливоста и неодлучноста.

Практика: 10 до 15 минути, 3 пати во текот на денот.

5. Мудра на празнината (Shunya Mudra)

(5) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Со врвот на палецот притиснете го средниот прст надолу така што останатите прсти ќе останат исправени.

Придобивки: Ја намалува млитавоста на телото и може да биде многу ефективна за болките во ушите. Таа исто така ја подобрува самодовербата и менталната когниција.

Практика: 40-60 минути дневно или за болката во уши од 4 до 5 минути.

6. Мудра на сонцето (Surya Mudra)

(6) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Превиткајте го домалиот прст под палецот, а останатите прсти чувајте ги прави.

Придобивки: Помага при стимулација на тироидната жлезда, како и при намалување на телесната тежина и апетитот. Таа го стимулира дигестивниот систем и помага при намалување на стресот и анксиозноста. Помага и при водење кон вашата цел.

Практика: 5 до 15 минути, 2 пати дневно

7. Мудра на животот (Prana Mudra)

(7) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Домалиот и малиот прст се виткаат така што ќе се сретнат со палецот, додека пак показалецот и средниот прст остануваат насочени кон нагоре.

Придобивки: Ја подобрува животната сила, помага при засилување на умот, телото и духот, ве тера да преземете акција и го подобрува имунитетот и мотивацијата. Исто така влијае позитивно и врз вашиот вид, но и го намалува уморот.

Практика: Во кое било време.

8. Мудра на дигестивниот систем (Apana Mudra)

(8) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Средниот прст заедно со домалиот прст се свикани под палецот, додека малиот прст и показалецот се исправени нагоре.

Придобивки: Помага при регулирање на екскреторниот систем, помага при детоксификација и го стимулира движењето на цревата.

Практика: 45 минути дневно.

9. Мудра на срцето (Apana Vayu Mudra)

(9) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Показалецот се превиткува со цел да ја допре основата на палецот, додека средниот прст и домалиот прст се свиткани со цел да го допрат врвот на палецот. Малиот прст останува исправен.

Придобивки: Стимулира заздравување на срцето и помага при негова физичка заштита. Таа исто така може да помогне при намалување на гасовите и чувството на топлина околу срцето.

Практика: 15 минути, 2 пати дневно

10. Мудра на топлината (Linga Mudra)

(10) Дланките и нивната моќ на исцелување

Позиција: Испреплетете ги прстите на двете раце, но одржувајте го палецот на левата рака насочен нагоре. Десниот палец обвијте го околу левиот палец така што ќе го допира показалецот од десната рака.

Придобивки: Помага при стимулација на топлината во телото, ја намалува флегматичноста и застојот, добра е за зајакнување на белите дробови и за одржување на балансот во телото.

Практика: Во кое било време, но внимавајте да не претерате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар