Џемпер и шорцеви со висок струк – секогаш добитна комбинација

Џемпер и шорцеви со висок струк – секогаш добитна комбинација

Како што му се ближи крајот на летото, полека треба да свикнеме на промената во гардероберот што ни ја носи есента. Сигурно поседувате макар еден пар шорцеви со висок струк. Еве како да ги комбинирате со џемпер – секогаш добитна комбинација со која успевате да го постигнете посакуваниот ефект.

Џемпер и шорцеви со висок струк - секогаш добитна комбинација

Кежуал

Овој изглед е микс од женствени, слатки и кежуал елементи. Искомбинирајте бели шорцеви со висок струк, може да бидат и искинати, џемпер со впечатлива и освежителна боја како ментол зелена и со интересен принт. Надополнете го изгледот со ниски морнарски патики кои даваат кежуал шмек, цветен ранец и нежни обетки за женственост а како јаготка на шлагот одберете марама за коса.

Џемпер и шорцеви со висок струк - секогаш добитна комбинација

Земјени тонови

Оваа смела комбинација остава впечаток на девојка која има за цел да го пропатува светот. Одберете едноставен и еднобоен џемпер со V-израз, лесни шорцеви со ацтеки или трајбал дезен, кожни ниски сандали и марама во топли бои за да го надополните ефектот на едноставност и комфор. Како аксесоари, одберете еднобојна голема чанта, златни обетки и голема алка или неколку округли алки.

Џемпер и шорцеви со висок струк - секогаш добитна комбинација

Отмено и елегантно

Оваа навистина тренди и елегантна црно-бела комбинација е совршена за на прв состанок. Искомбинирајте црни кожни шорцеви и бел џемпер кој може да биде сосем обичен или да има монисти како украс околу вратот. Не заборавајте ги црните хулахопки кои ќе ве топлат во веќе сè поладните ноќи и црни штикли или чевли со висока плута кои ќе ги истакнат вашите нозе и ќе добиете впечатлив изглед без многу труд. За крај одберете мала плик чанта, сребрени алки и нежни сребрени обетки.

Џемпер и шорцеви со висок струк - секогаш добитна комбинација


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар