Дизајнерка на ентериер открива: Какво влијание има спалната соба на расположението и здравјето?
Дали ви се случило да влезете во вашата спална соба, да го разгледате нередот и да се почувствувате лошо? Сигурно не ни помислувате како спалната соба влијае на вашето расположение, но можеби треба да обрнете внимание на тоа.
Ако вашата соба, па дури и вашето расположение ви изгледа малку „застојано“, можеби е време за пролетното чистење што го одложувате. Всушност, можеби токму тоа ви е потребно за навистина да ви се подобри расположението.
Според Каролин ДиКарло, дизајнерка и архитектка од Њујорк, нередот лесно може да се манифестира на вашето здравје и да прави да се чувствувате неуредно. Кога станува збор за средување на собата на начин кој е најдобар за вашето здравје, најдобро е да размислувате за месото во коешто живеете како нешто што го контролирате, а не како нешто што ве контролира вас .
„Просторот сигурно има влијание на расположението на луѓето. Само затоа што живееме во општество што не го прифаќа тоа, не значи дека не постои. Кога ќе влезете во соба, го чувствувате тоа. Премногу сме заглавени во нашите глави, па не ни размислуваме за тоа.“
Не само што просторот влијае на вашето расположение, туку влијае и на начинот на којшто размислувате за себе. Ова особено важи за вашата спална соба. Каролин смета дека потребно е да се фокусирате само на 3 нешта – одмор, секс и забавување.
За да го постигнете ова, потребно е да обрнете внимание на насоката на вашата покуќнина, во смисла на исток, запад север и југ. Исто така не треба да има работи што се истакнуваат. Потребна ви е хармонија и секоја насока има одредена особина. Север на пример, е насока на смиреност и одлично место за вашиот кревет.
„Поставувањето на креветот на север е нешто што со години го практикуваат многу култури. Кога ќе го наместите во таа насока ги добивате особините на смиреност и мир.“
Колку помалку визуелен неред има во собата, толку подобро. Ако не можете да си помогнете и навистина уживате во мал неред, Каролин советува да чувате 2-3 омилени предмети на видно место и ништо повеќе. За сè друго инвестирајте во полица, вазна, или што и да што ќе ви помогне да го тргнете нередот.
„Колку помалку визуелни стимули, толку подобро.“
Колку помалку нешта имате за гледање и колку помалку работи има за размислување во собата, толку полесно ќе го смирите мозокот.
„Неуреден ум, неуредни соништа. Чистењето е навистина форма на чистење на вашиот ум.“
И за крај, важно е да обрнете внимание на бојата на вашата спална соба. Карлоин препорачува мирни, смирувачки нијанси наместо силни бои.
„Ќе сакате нијанси кои ја менуваат бојата со светлината и периодот од денот. Ова ве прави поповрзани со природата. Ако е светло сина наутро, попладне и навечер, нема да ја чувствувате разликата на денот. Потребна ви е боја што изгледа различно наутро и навечер.“
Најдобро е да одберете светла пастелна боја или малку сива. Во секој случај, избегнувајте ја црвената бидејќи може премногу да ве стимулира.
Прочитајте и нешто повеќе за традиционалниот кинески метод фенг шуи.