Директно од домаќинките: 5 совети за чиста и уредна бања
Бањата треба да биде нашата оаза на мирот, а не мачно место кое постојано треба да се чисти… Еве како да си ги скратите маките и да ја направите бањата попријатно место.
1. Намачкајте го огледалото со пена за бричење – И потоа добро избришете го. Така можете да заборавите на неговото замаглување, а по 3 недели повторете ја постапката.
2. Најдете место за полица – Полицата е одличен начин да ги организирате пешкирите, тоалетната хартија, средствата за чистење и сл. Поставете ја над вратата – за максимално да го искористите просторот.
3. Исчистете ги чешмата и тушот на природен начин – Aко мислите дека чешмата или тушот имаат слаб притисок, веројатно се собрал бигор во мрежичката. За да го решите тој проблем, наполнете најлонска кеса со алкохолен оцет и со помош на ластиче прицврстете ја за чешмата или тушот и оставете ја преку ноќ. Оцетот ќе го стопи бигорот.
4. Закачете корпички на шипката од завесата на кадата – Ако ви е потребно повеќе место за чување на работите во бањата, закачете корпи на шипката од завесата. Тие нема да ви сметаат, а тоа е особено добра идеја доколку повеќе луѓе ја користат бањата – така секој ќе има место за своите работи.
5. Направете звучник од лавабото – Ако сакате да се капете и да слушате музика, а немате звучници во купатило, едноставно ставете го вашиот телефон или некој друг музички уред во лавабото и така звукот ќе се засили. Секако пазете да го не изводените.