Дијабетесот не мора да значи откажување од слатките: Со што можете да го замените шеќерот?
Денес се познати многу лекови за дијабетес, оние од фармацевтската индустрија, но и природните. Ова не треба да нè чуди кога ќе се земе предвид дека секој ден се зголемува бројот на заболени. Покрај лековите, од голема важност е да се воведат и нови, поздрави навики, а клучната промена е исхраната. Всушност, токму за исхраната постојат најмногу недоразбирања.
Лекувајте се правилно
Иако за секој пациент е потребен индивидуален пристап, постојат некои општи правила до кои би требало сите да се придржувате. Првиот совет за дијабетичарите е намалување на внесот на храна, односно енергија, особено на намирници кои содржат шеќер или голем број масти. Препорачливо е нивната исхрана да содржи најмногу сирово овошје и зеленчук, малку месо, млечни производи со ниска масленост и продукти од цело зрно. За мастите и рафинираните масла кои треба да ги исфрлите постои соодветна замена. Можете да употребувате малу ладно цедено масло, кое не треба да го загревате. Воглавно, најдобро е да приготвувате храна која е малку или воопшто не е термички обработена. Во целиот план за исхрана, најделикатното прашање е сепак шеќерот.
Нискокалорични засладувачи – алтернатива за шеќерот
Во зависност од тоа што го причинило настанувањето на дијабетес, постојат разни типови и облици на болеста. За секој од нив, шеќерот е забранета состојка, па веднаш се исфрла од храната на дијабетичарите.
За среќа, постои опција за сите кои живеат со дијабетес, а тоа се нискокалорични засладувачи. Можете ги користите секојдневно, за кафе или десерти, а количината зависи исклучиво од вашиот вкус. Благодарение на овие засладувачи, дијабетичарите можат слободно да уживаат во омилената храна и пијалаци.
Одберете го вистинскиот засладувач
Постојат повеќе видови засладувачи со специфични карактеристики кои се одобрени од релевантните светски институции за безбедност на храна и лекови. Еден од најчестите засладувачи е аспартам и е потполно безбеден за сите, освен за луѓе со фенилкетонурија, ретко генетско нарушување.
Друг често користен засладувач е и сукралозата, познат и како спленда. Овој засладувач лесно минува низ организмот и не го зголемува процентот на масти. Се користи во многу мали количества, бидејќи е дури 600 пати поблаг од шеќерот.
Стевијата е можеби најпопуларниот засладувач поради природниот состав и фактот што содржи 0 калории.
Пред да се одлучите за кој било засладувач, обрнете внимание на препорачаната доза и уживајте во храната и пијалаците.
Погледнете и кои се намирниците со кои можете да го победите дијабетесот.
Bravo