Диета во која слатките се дозволени
Сакате чоколадо и секој ден морате да каснете барем по еден ред? Ова е идеалната диета за вас.
Еве ги правилата.
Морате да јадете на секои 3 часа
Имате 5 оброци на ден, 3 главни (појадок, ручек и вечера) и 2 прилично обилни ужини. Ако јадете на секои неколку часа, вашиот метаболизам останува активен и затоа никогаш не прескокнувајте ги мини оброците помеѓу ручекот и вечерата, кои ќе ви обезбедат додатна енергија.
Јадете сезонски, намирници, што е можно посвежи
На овој начин ќе ја добивате максималната количина на хранливи состојки од храната која ја конзумирате.
Држете ја желбата за храна под контрола јадејќи слатки секој ден
Било да е во прашање чоколаден мус или мафин со боровинки, почестувајте се секој ден. Тоа е мудар начин да продолжите успешно да се придржувате до диетата, кој нема да предизвика да се здебелите, под услов во останатите ситуации да ја јадете соодветната храна.
Не поврзувајте ја храната со чувство на вина, туку уживајте во секој залак
Ова свесно уживање во храната ќе ви овозможи да се чувствувате сити подолго бидејќи што побавно јадете и што повеќе уживате во храната, толку вашиот хормон на ситост ќе биде на повисоко ниво.
Не плашете се од масти
Фета сирењето, јаткастите плодови и павлаката се многу присутни во оваа диета. Тие се одлични за вашата кожа и за нивото на енергија, како и за чувството на ситост. Истражувањата потврдуваат дека „добрите“ масти му помагаат на телото во согорување на маснотиите, особено околу стомакот, така што го намалуваат нивото на кортизол.
Еве како изгледа еден ден според диетата за љубителите на благо:
Појадок: Јаболко и овесна каша со боровинки
Ручек: Салата од морски плодови, чили и рукола
Вечера: Пилешко подготвено на кинески начин со интегрален ориз
Ужина (двапати на ден): Чоколаден мус или фрапе од малини со ѓумбир