Диета со туна: Здрава за срцето, одлична за линијата и трае само 3 дена

Диета со туна: Здрава за срцето, одлична за линијата и трае само 3 дена

Оваа диета со туна се држи само 3 дена во неделата, додека останатите 4 сте на нормална исхрана. Оние кои ја практикуваат тврдат дека со неа можете да изгубите и до 5 килограми. Екстремно ниското внесување калории значи дека ќе изгубите дел од непотребните маснотии, но самото ослабување е под влијание на малкуте јаглехидрати кои му помагаат на телото да задржува течности. Сè уште не постојат докази дали оваа диета го намалува холестеролот и го чисти телото, но со сигурност тврдиме дека таа е здрава за вас.

Диета со туна: Здрава за срцето, одлична за линијата и трае само 3 дена

За време на диетата треба да се придржувате до следниот режим на исхрана и да пиете најмалку 2,5 литри вода дневно. Дозволени се одредени варијации во диетата, како тост или јогурт во замена за пудингот од ванила и сирење за туната. Редовното консумирање туна има позитивен ефект врз организмот бидејќи таа изобилува со витамин Д и омега-3 маснотии кои и до 50% го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, ја подобруваат функцијата на мозокот и помагаат при намалување на тежината.

Прв ден

Појадок: 1 шолја црно кафе или чај, 1/2 грејпфрут или овошен сок, 1 тост намачкан со путер од кикирики (или сусам).

Ручек: 100-150 грама туна во салата со рукола, мала краставица исечкана на кругови, чери домати и по вкус, 1 лажичка варена блага пченка и 1 шолја црно кафе или чај.

Вечера: 100 грама печено говедско месо, 200 грама динстувана боранија, 200 грама изрендани моркови со неколку капки лимон, мала чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), 1 средно јаболко и 1 шолја црно кафе, чај или вода.

Втор ден

Појадок: 1 шолја црно кафе или чај, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана.

Ручек: 200 грама туна, 5 крекери, 1 шолја црно кафе, чај или вода.

Вечера: 200 грама пилешки гради подготвени на скара, 100 грама варени шпагети, 200 грама варена брокула, 1 банана, мала чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), 1 шолја црно кафе или чај.

Трет ден

Појадок: 1 шолја црно кафе или чај, 5 крекери, 30 грама сирење, 1 јаболко со средна големина.

Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 шолја црно кафе или чај.

Вечера: 200 грама туна, 100 грама варени шпагети, 100 варен карфиол, 1 круша со средна големина, мала чинија пудинг (околу 100 грама) и 1 шолја црно кафе или чај.

Дополнителни совети

  • Оброците распоредете ги така што вечерата да ви биде околу 18 часот, а потоа веќе ништо да не јадете до појадокот.
  • Брзата прошетка од 30 минути е нешто што мора да го правите за време на оваа диета.
  • Ако користите лекови кои не се комбинираат со грејпфрут, пијте сок од портокал и лимон.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар