Дидров ефект – зошто луѓето го комплицираат својот живот?

Дидров ефект – зошто луѓето го комплицираат својот живот?

Славниот француски филозоф Дени Дидро, речиси целиот свој живот го поминал во сиромаштија. Тој се наоѓал во ситуации кога дури немал ниту што да јаде. Во 1765 година сето тоа се променило. По милост на руската владетелка Катерина Велика, тој добил сума од денешни 50.000 долари за својата библиотека што таа ја откупила. Човекот кој дотогаш тешко се снаоѓал во животот, одеднаш имал еден куп пари на располагање.

Дидров ефект – зошто луѓето го комплицираат својот живот?

Првото нешто што го направил е тоа што купил црвено одело. Токму со овој настан започнале и проблемите. Внимателно го донел дома црвеното одело и го соблекол мантилот. Оделото со својата убавина го ставило во сенка сѐ она што се наоѓало во скромниот стан на Дидро. Во еден момент тој сфатил дека сите останати работи кои ги поседува се сосем обични и дека ја уништуваат убавината на скапоценото црвено одело. Тој решил да направи нешто, па веднаш се упатил кон друга продавница каде што купил скапоцен тепих. По иста логика, за само неколку дена го реновирал станот, купил големо огледало, фотелја, скулптури и садови. Сѐ заменил со нови и скапоцени работи.

Како да го препознаете Дидровиот ефект, 200 години подоцна, во модерното општество/

Денес, повеќето луѓе тежнеат кон едноставност и мир, а го прават токму спротивното, односно си го комплицираат животот внесувајќи немир во сопствените животи. Токму тоа е познато како Дидров ефект. Тој не се однесува само на материјалните работи, туку и на севкупните мисли, чувства и дела кои го одликуваат човекот и го прават единствен, посебен и вреден. Колку пати во вашата околина имате слушнато некој кој вели дека сака да се откаже од сѐ и да се изолира некаде на тивко и мирно место? Од друга страна пак, колкумина од нив навистина го имаат направено тоа?

Удобноста на секојдневниот живот, натпреварот во кој секојдневно ја докажувате својата вредност, заслужувањето љубов и признание, ограничување на вистинската, но проширување на виртуелната способност, во суштина се само работи на кои со години сте се „навикнале“ и на кои ве насочуваат вашите родители, наставници, животната средина, идолите… речиси сите. Може да се каже дека на некој начин сте фасцинирани и дека од дрвото не можете да ја видите шумата. Сконцентрирани сте на наметнатите детали во животот, не гледате, но чувствувате, дека зад сето тоа има нешто со што природно сте поврзани: Мир, љубов и радост кои всушност го претставуваат животот.

Дидров ефект – зошто луѓето го комплицираат својот живот?

Што да направите за во животот да ја слушате музиката која ја сакате, а не само бучава?

Настојувајте да не бидете многу изложени на ситуации кои од вас бараат постојано да давате одобрувања и потврдни одговори. Не мора да одите на секој нов настан или на секоја нова средба која ќе ви се понуди. Не преземајте ги туѓите обврски. Ако не знаете што сакате, тогаш брзо дознајте што не сакате, затоа што тоа е многу добар почеток.

Мајкл Џордан како мал вежбал одење во една соба во скромниот стан на неговите родители. Подоцна научил да скока, а уште подоцна научил да скока толку добро, што оставал впечаток дека лета. Тој се усовршувал и ги преминал сите граници, со што стигнал до тоа денешната негова „вредност“ да биде 1,24 милијарди долари. Па, работата, дисциплината, фокусирањето, континуираниот раст и развој на одбраниот потенцијал, му овозможиле да стане она што е денес.

Многу важна работа во развојот е промената. Таа е константна и постојано присутна. Па, тука настанува проблемот, затоа што оваа вистина многу мал број луѓе навистина ја разбираат. Промената е единствена константа во животот, но таа е континуирана, линеарна и во согласност со вас и вашето битие. Ако поминувате низ пазарот и од сѐ земете по малку, постои реална шанса дека ќе почувствувате болка во стомакот. Тоа е промена која е непланирана. Имате чувство дека сте направиле сѐ, а главата и понатаму ве боли, чувството на празнина не ви дава мир и немате радост.

Друг пример е кога би поминувале низ истиот тој пазар и би го земале само она што ви е потребно за планираниот ручек. Дома ќе си дојдете со помалку работи, но ќе направите прекрасен и вкусен ручек кој ќе ве развесели, ќе ве нахрани и ќе ви даде енергија, а ако го поделите со некого, тогаш ќе имате дополнителна радост, ќе бидете помирни, поисполнети и порадосни.

Престанете да посакувате да имате повеќе. Секогаш ќе има нешто што ќе ви недостига, а премногу луѓе имаат навика да кажат: „Ех да имав повеќе пари, ех да бев помлад…“ Таквите луѓе никогаш нема да бидат среќни, затоа, потребно е да престанете да посакувате и да почнете да работите, па реализацијата на желбите ќе дојде како последица на вашата страст. Но, не е доволно да ги знаете овие мудрости, туку многу е важно да ги разберете и да ги примените во животот. Да имате помалку, значи да бидете посреќни и поисполнети!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар