Девојките се посреќни во врската кога нивните партнери веруваат во една невистина

Девојките се посреќни во врската кога нивните партнери веруваат во една невистина

Честопати во многу хумористични серии и емисии се исмејуваат паровите во долга и сериозна врска, бидејќи се верува дека жените никогаш не се расположени за секс, а машките се секогаш подготвени за тоа. Вистината е дека сексуалната желба на двајцата партнери ќе се намали и може да биде навистина тешко да се препознае кога вашиот партнер е расположен за секс, а кога сака само да ја гледа неговата омилена серија.

Едно списание кое пишува за личноста и социјалната психологија спровело истражување во кое вклучило парови во долга врска и побарало од нив да пополнат прашалници за нивната сексуална желба на почетокот и во текот на истражувањето во период од 21 ден.

Девојките се посреќни во врската кога нивните партнери веруваат во една невистина

Тие откриле дека мажите во долги врски ја потценувале сексуалната желба на нивните партнерки, многу повеќе отколку што жените го правеле тоа. Уште поинтересен е фактот што жените кои биле во врска со мажи кои ја потценувале нивната сексуална желба, изјавиле дека се посреќни и попосветени на врската.

Па, зошто жените се посреќни ако нивните партнери претпоставуваат дека тие ретко сакаат да имаат секс со нив? Се верува дека тоа е така затоа што жените очекуваат од нивните партнери да се потрудат да ги расположат за секс и да ги однесат во кревет. Кога луѓето сметаат дека нивните партнери сакаат да имаат секс, тие мислат дека не мора да направат ништо за да го привлечат нивното внимание. Но, ако луѓето забележат дека нивниот партнер има помала желба, тогаш тие вложуваат повеќе труд за да го зголемат нивниот интерес за секс.

Друга можност е тоа дека на мажите им е полесно да претпостават дека нивните партнерки не сакаат да имаат секс, за да одбегнат да бидат одбиени. А, честото одбивање може да доведе до негативни последици во врската.

Исто така, според истражувањето, мажите се често изложени на сликата за жените што ја создаваат медиумите според која жените се преправаат дека се срамежливи, но потоа дозволуваат сексуалната желба да ги совлада. Според ова, кога овие слики би биле точни, тоа што жените ретко сакаат да имаат секс не само што има смисла за мажите, туку и ги намалува шансите тие да бидат одбиени.

Ова е добар пример зошто партнерите мораат да бидат поискрени еден со друг и отворено да си кажуваат кои се нивните потреби и желби. Мажите никогаш не треба да престанат да ги освојуваат нивните партнерки, а жените би требало почесто да иницираат секс. На тој начин врската ќе остане цврста и ќе го положи тестот на времето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар