Девојките прескокнуваат оброци за да пијат алкохол и притоа да не се здебелат

Девојките прескокнуваат оброци за да пијат алкохол и притоа да не се здебелат

Младите девојки прескокнуваат оброци за да можат да консумираат поголеми количини алкохол, велат најновите истражувања. Овој феномен таканаречен „drunkorexia“, кој е кованица од англиските зборови drunk – пијан и anorexia – анорексија, погодил илјадници студентки, кои очајно посакуваат да останат слаби. Терминот го измислиле диететичарите бидејќи веруваат дека постои поврзаност помеѓу претераното пиење алкохол и нарушувањата во исхраната. „Пијанорексичен“ е некој кој прескокнува оброци за да може да пие многу алкохол, без да накачи килограми. И покрај тоа што алкохолот сам по себе, не содржи масти, во него има многу калории.Девојките прескокнуваат оброци за да пијат алкохол и притоа да не се здебелатИстражувачкиот тим составен од професори од универзитетот во Мисури, ги потенцира опасностите од скратувањето на калории преку избегнување оброци, во комбинација со прекумерното пиење алкохол, која може да направи долготрајни здравствени проблеми и оштетување на виталните органи.

Во истражувањето, во кое учествувале 1.000 студенти, било откриено дека повеќе од дупло од женските студенти се заразени од феноменот „пијанорексија“, во однос на машките, односно  25% од девојките и 11% од момците го ограничуваат бројот на внесени калории, за да се „чуваат“ за подоцна, кога ќе излезат да пијат алкохолни пијалаци. Други мотиви за ограничување на консумираната храна, а давање приоритет на алкохолот, се побрзото опијанување, заштеда на пари и социјалниот притисок кај младите, кој ги тера да се однесуваат како нивните врсници.Девојките прескокнуваат оброци за да пијат алкохол и притоа да не се здебелатВикторија Озборн, асистент по социјална работа и јавно здравје ги нагласува опасностите кои можат да настанат од ваквиот начин на живот, како промени во однесувањето и последици врз физичкото здравје. Таа вели дека ако не му давате на мозокот соодветна храна и консумирате големи количини алкохол, тоа може да предизвика рани краткотрајни и долготрајни здравствени проблеми, вклучително и проблеми со концентрацијата, учењето и донесувањето одлуки. Таа објаснува дека ваквото однесување кај младите луѓе може да постане зависност и да предизвика многу сериозни нарушувања во исхраната. На подолг рок, ова може да доведе до насилно однесување, ризично сексуално однесување, труење од алкохол, употреба на разни дроги и хронични болести.

Професорката Озборн вели дека тоа што студентките се позаразени со ваквото однесување не е воопшто добар податок, бидејќи кај жените постои поголем ризик од здравствени проблеми предизвикани од големата консумација на алкохол, поради тоа што нивниот метаболизам реагира поинаку отколку кај мажите. Тоа значи дека на жените побрзо може да им се слоши и да имаат забрзано оштетување на виталните органи. Таа додава: „Многу е важно младите луѓе да ги сфатат ризиците кои постојат од ваквото однесување и долготрајните негативни последици по здравјето кои можат да настанат“.

Мала чаша бело вино од 150 мл содржи од 150 до 170 калории, додека поголема чаша за вино, која собира околу 250 мл може да има исто толку калории, колку што има во еден вообичаен ручек. Едно „шатче“ коктел од вотка и ниско калорични додатоци содржи околу 100 калории, а некои пива може да содржат и по 250 калории во една кригла од пола литар.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. qwert Reply

    еве како да си пресметате:
    1gr алкохол содржи 7 калории, така да ако пиете нешто жестоко (пр 40% алкохол), една чаша од 40мл би имала 16gr алкохол (40% од 40 = 16),
    што е еднакво на 16×7 = 112 калории =)

Остави коментар