Девојките откриваат што мислат за одржувањето на пријателствата со поранешните партнери

Девојките откриваат што мислат за одржувањето на пријателствата со поранешните партнери

Поранешните партнери иако се дел од нашето минато, секогаш ќе бидат присутни во нашиот живот, дури и да не сме зборувале со нив со години. Благодарение на нив ние сме она што сме денес и имаме научено многу значајни лекции за љубовта и врските. Но за некои луѓе, бившите не се само духови кои ги прогонуваат, туку лица со кои сѐ уште одржуваат близок контакт и пријателство.

Девојките откриваат што мислат за одржувањето на пријателствата со поранешните партнери

Доколку и вие сте добри пријатели со вашиот поранешен партнер, честитки! Но, што мисли вашата нова љубов во врска со тоа? Како би се чувствувале вие кога би знаеле дека вашиот дечко се дружи со бившата девојка? Дали тоа докажува колку добра личност е таа или пак изразот „само пријатели“ е код за „сѐ уште имаме секс“? Неколку девојки ни откриваат што мислат во врска со одржувањето контакти со поранешните партнери…

Далеку од очи, далеку од срце

„Тие можеби навистина се пријатели, но не ми е пријатно да бидам во иста просторија со некој кој го има видено мојот партнер гол. Можеби немаат повеќе секс, но сметам дека нема потреба од таквото пријателство.“ – Николина, 33

Чувствата се само платонски

„Сѐ уште сме пријатели со еден од моите бивши, но тој ми беше дечко на факултет и сега нема никакви чувства меѓу нас. Дечко ми никогаш го нема запознаено и не ни сака да го направи тоа, бидејќи мисли дека ќе стане љубоморен. Најверојатно и јас би се чувствувала на истиот начин кога дечко ми би се дружел со неговата поранешна девојка. Сѐ додека не морам да ги слушам нивните интерни шеги и да ја гледам интимноста што сѐ уште постои меѓу нив, немам никаков проблем со тоа. Но, тој не е во контакт со ниту една од неговите бивши, така што не морам да се грижам околу тоа.“ – Џени, 29

Најважна е довербата

„Никогаш не се дружам со бившите, па затоа тешко ми е да го замислам тоа.. Како би се чувствувала во врска со тоа, зависи од моменталната врска. Ако таа е цврста, тогаш не би ми пречело доколку мојот партнер е близок пријател со бившата девојка. Би му ја дала сета моја доверба, бидејќи така мене би ми било полесно, а сигурно би било подобро и за врската во целост.“ – Мони, 35

Девојките откриваат што мислат за одржувањето на пријателствата со поранешните партнери

Тешко е да се зачува довербата

„Не знам. Би сакала да мислам дека мојата доверба нема да биде срушена, но од претходните врски имам научено дека тешко е да се зачува довербата. Зависи од врската и степенот на меѓусебната доверба и почит.“ – Кристина, 27

Во ред е доколку и двајцата имаат исто мислење во врска со тоа

„Сѐ уште се гледам со моите бивши повремено, така што не би ми пречело доколку и мојот партнер го прави тоа. Но, секогаш постои тенка граница помеѓу пријателскиот однос и разгорувањето на старата љубов.“ – Ана, 25

Некои луѓе остануваат пријатели со сите нивни поранешни партнери

„Се дружам со сите мои бивши, но тоа можеби е така затоа што никогаш не сум сакала ниту еден од нив. Во секој случај, не би ми пречело кога дечко ми би се дружел со поранешната девојка, но само ако неговото пријателство е исто како и пријателството што го одржувам со моите бивши.“ – Наталија, 26

За некои луѓе тоа е незамисливо

„Според моето искуство, мажите и жените не можат да бидат вистински пријатели ако имале секс во минатото, така што нема шанси! Не би толерирала такво нешто!“ – Петра, 33

Од сето ова може да се заклучи дека постојат поделени мислења во врска со оваа тема. Во секој случај, доколку вие и вашиот партнер сте на иста бранова должина и имате сличен однос со бившите, веројатно не би имале никаков проблем и би можеле да се разберете меѓусебно. Што мислите вие? Дали би му дозволиле на партнерот да се дружи со бившите или сметате дека е лудо да му се даде некому толкава доверба? На крајот на краиштата, не заборавајте дека поранешните партнери се поранешни со причина.

Доколку не можете да го замислите поранешниот партнер како ваш пријател, овие 8 причини дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар