Девојки, за овие работи никогаш не чувствувајте вина
Девојки, време е за пауза. Жените ја имаат таа тенденција да се секираат премногу и да се грижат за мислењето на останатите, а тоа е едно долго патување пропратено со чувство на вина. Затоа отпакувајте ги куферите и почнете да уживате во животот, бидејќи тој е премногу краток.
1. Јадење пржени компирчиња наместо салата. Не мора секогаш да се храните здраво. Ако сакате да се почестите со компирчиња тогаш направете го тоа. Ако не порачате, тогаш дефинитивно ќе земете од чинијата на партнерот или од вашата пријателка. Затоа, нарачајте ги и уживајте во нив!
2. Да одбиете да бидете деверица. Да се биде деверица не е толку лесна работа. Потребно е време, може да биде скапо, а крајниот резултат да биде тотална утка. Ако имате добра причина за да кажете „не“, тогаш кажете го тоа. Не трошете време и пари ако чувствувате дека не морате.
3. Спиење. Ако немате планови за денот, а не сте на работа, тогаш спијте. Ако тоа е она што навистина го сакате, тогаш нема потреба да чувствувате вина поради тоа. Спиењето понекогаш може да ви помогне да се опуштите.
4. Разгалување. Ако планирате да купите нов кармин, сигурно би одбрале некој со солидна цена. Но, ако моментално имате повеќе пари, зошто да не се разгалите и да одберете некој од подобра марка. Сепак, тоа се ваши пари. Дозволете си себеси да се разгалите.
5. Прескокнување едно вежбање. Вежбате секој ден, па пропуштањето на едно вежбање и не е толку голема работа за да почувствувате вина. Никој нема да ви замери за тоа.
6. Да не ѝ се јавите веднаш на мајка ви. Понекогаш пред да ѝ кренете на вашата мајка мора да размислите во кој тек може да оди разговорот. Или пак, можеби не можете да се јавите во тој момент. Нема ништо лошо во тоа. Сè додека ѝ се јавите подоцна (најверојатно истиот ден) нема за што да чувствувате вина.
7. Останување до касно поради гледање филмови. Вие сте возрасни. Гледањето филмови не е работа за која треба да чувствувате вина. Вие гледате филмови, не правите некој криминал.
8. Ако немате планови за викенд. Најдобри викенди се оние кога не правите ништо. Викендот не е натпревар со кој се мери кој ќе направи повеќе интересни работи во рок од два дена.
9. Ако ви се допаѓа некое шоу. Ако ви се допаѓа некое реално шоу, за кое сите останати превртуваат со очите, но вам навистина ви е супер, гледајте го, и тоа без чувство на вина.
10. Вашите сексуални фантазии. Секој има сексуални фантазии, без разлика какви се, сепак тоа се само фантазии. Нормално е. Ако имате фантазии кои го вклучуваат вашиот шеф, тоа не значи дека тоа ќе се случи во реалниот живот, затоа не чувствувајте вина.
11. Да бидете сингл, а да ја планирате вашата венчавка од соништата. Еј, ако сте сè уште сингл тоа не значи дека ви е забрането да ја планирате вашата венчавка. Албумите со фотографии од прекрасни венчаници, бурми, декорации… Не треба да чувствувате ниту мала вина поради ова.