Девојки, време е да научите како да прифаќате комплименти

Девојки, време е да научите како да прифаќате комплименти

Понекогаш жените можат да бидат осудени доколку не направат нешто, а исто така и доколку го направат тоа. Па, во тој случај полесно е да кажат дека не се потрудиле воопшто. Но, тоа е далеку од вистината. Вие сте вложиле напор да изгледате добро, да бидете успешни во својата работа, како и во приватниот живот и во уште многу други работи, па зошто да не го признаете вашиот труд? Зошто да не го прославите вашиот успех? Која е потребата во вас да се јавува срам секој пат кога ќе чуете нешто позитивно за вас? Со цел да бидете уште поуспешни во вашите намери, редно време е да почнете да прифаќате комплименти. Тие не само што ќе ве мотивираат да продолжите, туку и ќе направат да се почувствувате одлично во својата кожа.

Девојки, време е да научите како да прифаќате комплименти

Во ред е да прифатите комплимент

Жените веруваат дека прифаќањето комплимент е како да признаваат дека навистина изгледаат добро. Но, нели тоа е и причината поради која сте се дотерале? Зарем не сте го облекле тој фустан за да изгледате добро? Затоа што ви се допаѓа и вам? Доколку луѓето велат дека им се допаѓа нешто кај вас, сосема е во ред да се согласите со тоа. Сосема е во ред да кажете благодарам. Вие сте се потрудиле да изгледате добро и треба да ги прифатите придобивките од вашиот труд.

Во ред е да се дотерате за вас

Што има лошо во тоа да признаете дека сте се дотерале само затоа што сте сакале токму денес да изгледате добро? Зошто да се срамите од вашиот добар изглед? Зошто да измислувате оправдувања само затоа што сте посакале денес да не носите фармерки? Сосема е во ред да бидете ексцентрични и гласни и да се дотерувате за самите себеси. Во ред е да го менувате вашиот стил без да треба да го менувате вашиот изговор.

Во ред е да се дотерате за други луѓе

Бидете искрени и кажете му на вашето момче дека сте го облекле тој секси фустан за него. Исто така зошто да не ги облечете убавите пижами кога тој доаѓа да преспие ка вас? Сосема е во ред да изгледате добро за другите луѓе, тоа ни најмалку не е криминално дело. Да, вие треба да се дотерувате за самите себеси, но кој вели дека не смеете да се облечете добро и за некој друг? Нема ништо понижувачко во тоа да изгледате добро за другите, само немојте да дозволувате нивните мислења да ги уништат вашите.

Во ред е да ја сфатите работата сериозно

Кога жените остануваат да работат до доцна, тие се напорни. Кога мажите остануваат да работат до доцна, тие се мотивирани. Зошто владеат вакви разлики за истото нешто? И жените се исто толку мотивирани како и мажите, па зошто да немаат право на истата жилавост? Жените не треба да прават изговори за тоа зошто дошле порано на работа или останале до подоцна. Тие сакаат да бидат успешни во својата кариера исто колку и мажите. Токму затоа време е да престанете да се доживувате како жртви, постојано барајќи изговори за вашата желба за напредување и да почнете да им бидете вистинска конкуренција на мажите.

Во ред е да се разгалувате

Дозволено ви е одвреме-навреме да потрошите повеќе пари на маникир, доколку тоа направи да се почувствувате добро и потоа слободно споделете го вашето искуство. Не мора секоја поголема цена да ја гледате како нешто страшно, доколку можете да си ја дозволите секако, па токму затоа не кажувајте изговори како „Имав тешко утро“, туку едноставно кажете ја вистината. Тоа се ваши пари и вие ќе ги трошите онака како што сакате. Доколку тоа ве прави среќни, не мора да се преправате дека не знаете што правите.

Во ред е да преминете во крајност

Ако сакате да пробате црн кармин за да видите како ќе ви стои, сторете го тоа. Доколку луѓето ве прашуваат зошто сте го направиле тоа или пак, се шегуваат на ваша сметка не барајте оправдување. Вие сте сакале да направите нешто ново и токму тоа е ставот врз кој треба цврсто да стоите. Кога ќе донесете одредена одлука, не се предомислувајте поради мислењето на другите.

Во ред е да сакате да изгледате добро

Доколку сте станувале цел месец во 5 часот наутро за да имате време да вежбате пред да одите на работа, не велете дека не е ништо страшно ниту пак тешко. Вие го заслужувате тој комплимент исто како што го заслужувате успехот. Не се срамете од тоа да им признаете на луѓето колку напорно сте работеле, бидејќи тие нема да ве критикуваат за вашата добро сторена работа.

Во ред е да кажете дека сте уморни

Не се плашете да ги погледнете луѓето во очи и да им ја кажете вистината. И вие сте човек, со свои граници на толеранција, па зошто да се ставате во ситуација да трпите повеќе отколку што треба? Исто така, не заборавајте и дека е сосема во ред да ги погледнете луѓето во очи и да не им кажете ништо. Изборот е ваш.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар