Девојки, внимавајте: Ова се најчестите причини зошто исчезнува љубовта од врската
Понекогаш се случува мажот да се разбуди и да открие дека љубовта си заминала. Тој не е повеќе заљубен. Тогаш жените остануваат збунети, бидејќи не им е јасно како неговото однесување може да се промени преку ноќ. Сепак, тоа навистина се случува. Ова се неколкуте најчести причини зошто исчезнува љубовта од врската…
Постојано зборувате за работата
Доколку сте во врска и работите заедно, вашата комуникација многу лесно можат да се сведе само на разговори поврзани со бизнис. Да, вие сте колеги и ништо не може да го промени тоа, но мора да разграничите кога треба да зборувате за работата, а кога едноставно да се опуштите и да уживате. Тешко е да се задржи страста во врската ако постојано зборувате само за големи, сериозни и важни работи. Одвојте време и за забавни разговори со цел да го одржите балансот во врската.
Ве гледа како мајка, а не како љубовница
Постојат мажи кои одредени жени ги гледаат како мајки, а одредени жени како сексуални партнерки. Не можат да направат комбинација од двете. Доколку не го привлекувате повеќе само затоа што сте станале мајка, тој има проблеми кои треба да ги реши самиот. Сепак, најважно е вие да можете да воспоставите рамнотежа помеѓу вашата улога како сопруга и вашата улога како мајка. Но, доколку го правите тоа и тој сепак не ви покажува љубов, тоа е негов проблем.
Вашата врска нема добра основа
Сте се запознале во дискотека една пијана вечер, тоа преминало во повремено гледање без обврски, краток период се почувствувавте како да сте на седмо небо и ги изговоривте зборовите „Те сакам“, а сега сте далечни и целосно ја имате изгубено страста. Доколку сте се нашле во ваква ситуација, можеби вашата врска никогаш не била она вистинското. Возбудата на почетокот може да нѐ натера да помислиме дека сме ја нашле вистинската љубов. Меѓутоа без вистинска поврзаност и компатибилност, луѓето губат интерес и се оддалечуваат.
Постојано носите лоши вести
Ова понекогаш се случува потсвесно. Секогаш кога ќе се видите со вашиот партнер, вие му пренесувате некоја лоша вест. Со текот на времето ќе почне да го потсетувате на нешто негативно. Тоа не е фер, но претставува вистински проблем што може да го намали неговиот ентузијазам за врската. Нормално дека не треба да одбегнувате да споделите важни и непријатни вести, но мора да внимавате тоа да не биде првата работа што ја кажувате кога ќе се видите. Организирајте посебни вечери и љубовни состаноци каде што разговорите за финансиските проблеми, лошите шефови и семејните несогласувања ќе бидат забранети.
Не му се восхитувате повеќе
Многу психолози велат дека жените посакуваат да бидат ценети, а мажите сакаат да предизвикуваат восхит. Но, повеќето жени сметаат дека нема потреба да му се воодушевуваат на нивниот партнер. Сепак, тоа е многу важно за тој да се чувствува привлечно. Мажот кој ќе почувствува дека не може да го заслужи вашиот восхит, ќе изгуби интерес за врската.
Имате премногу барања
Жените обично велат дека имаат премногу барања, затоа што ги заслужуваат, но тоа е далеку од вистината. Никој не заслужува да му бидат исполнети апсолутно сите желби и потреби. Клучот лежи во постигнувањето компромис. Доколку навистина имате премногу барања, нормалните мажи ќе се запрашаат дали би сакале целиот живот да го поминат во работа само за да ве направат среќни. А оние кои се подготвени да ви прогледаат низ прсти поради вашиот заповеднички став, обично се премислуваат по неколку месеци или години. Никој не сака премногу да се труди за да добие нечие одобрување.
Не си одговарате
Со текот на времето, компатибилноста со партнерот ќе стане многу важен сегмент од целата врска. Доколку не си одговарате баш, ќе успеете да издржите заедно неколку недели или месеци. Ќе правите работи што и двајцата ве интересираат, нема да разговарате на одредени теми, ќе се фокусирате само на забавата и ќе криете некои страни од вашата личност. На тој начин, навидум ќе делувате како совршениот пар. Но, евентуално реалноста ќе стапи на сила. Ќе почне да ви пречи тоа што тој сака многу да троши, а вие штедите. Ќе ви пречи тоа што тој е премногу религиозен, а вие не сте. Сите значајни разлики ќе почнат да излегуваат на површина и на крајот еден или двајцата партнери ќе кренат раце од врската и ќе ја прекинат.
Нема доверба во вас
Мажите ѝ даваат големо значење на лојалноста. Тој мора да знае дека кога сите ќе се свртат против него и ќе го напуштат, ќе може да смета на вас и вашата поддршка. Доколку тој почнал да се оддалечува и да го губи чувството на заљубеност, можеби мисли дека не сте биле тука за него тогаш кога сте му биле најмногу потребни.