Девојки простете му: 5 причини зошто треба да се смирите со вашиот бивш

Девојки простете му: 5 причини зошто треба да се смирите со вашиот бивш

Иако има причина зошто сте ѝ ставиле крај на таа врска, некогаш можеби времето ќе успее да ги реши сите проблеми. Затоа можете да ѝ дадете нов почеток на старата врска, придружена со нова шанса да успее. Ако премногу ви недостига и сметате дека е грешка што сте се разделиле, можеби тоа е дефинитивен знак да му дадете уште една шанса.

devojki-prostete-mu-5-pricini-zosto-treba-da-se-smirite-so-vasiot-bivs-kafepauza.mk

1. Сте се запознале во погрешно време

За да може да опстане една љубовна врска, многу е важно двајцата да се сретнат во вистинското време. Можеби едниот од вас имал неразрешени проблеми од минатото или бил на прагот на важни животни промени како преселување или ново работно место, што едноставно морал целосно да се посвети на тоа.

Постојат случаи кога мажот си заминал после два месеци без да каже збор, а после година дена се вратил спремен да ѝ се посвети на таа жена, што потоа резултирало со брак и со деца. Мора да бидете свесни дека за ваквите промени е потребно многу време затоа што тие не се случуваат преку ноќ. Ако поминало доволно време од раскинувањето, можеби е време за уште една шанса.

2. Не сте биле доволно емотивно зрели

Можеби звучи како клише, но после раскинувањето ви е потребно одредено време за да ги залечите раните од љубовта која доживеала неуспех и за да почнете од почеток. Некогаш чувствувате дека е премногу брзо за нова врска, но кога ќе влетате во таква, по некое време сфаќате дека сѐ уште сте емотивно врзани за бившиот партнер.

Но, иако тој е совршен, ако за вас бившиот е сѐ уште господинот Вистински, тогаш вие никогаш нема да се заљубите во него. Во ваквата ситуација е подобро да не го лажете новиот партнер, туку да закажете состанок со бившиот.

3. Раскинувањето ви помогнало да ги согледате работите

Сигурно сте гледале филмови во коишто тие раскинуваат, но потоа сфаќаат дека не можат еден без друг. Можеби истото ви се случува и вам. Кога сте во љубовна врска, многу тешко е да гледате објективно на работите, но затоа кога ќе излезете од неа, многу јасно се гледаат сите перспективи.

Можеби конечно ќе сфатите дека сите караници биле за глупости и дека животот ви нема смисла ако тој не е дел од него. А ако сте пробале да излегувате со други и сте сфатиле дека сепак најубаво ви било со него, тоа е очигледен знак дека треба да го контактирате.

0devojki-prostete-mu-5-pricini-zosto-treba-da-se-smirite-so-vasiot-bivs-kafepauza.mk

4. Сте имале погрешни приоритети

Постојат потреби, но постојат и желби. Потребите се нешта без кои не можете да живеете, а желбите се она што би сакале да го имате, но и не ви е толку потребно. Можеби додека сте биле во врска сте ги мешале овие две работи. Можеби сте посакувале згоден фраер со многу пари кој ќе ви обезбеди луксуз и забава и сте заборавиле дека пред вас стои некој кој ќе ве заштити, ќе се грижи за вашите потреби и ќе ве разбере.

Ако чувствувате дека сето од напишаново е точно и дека враќањето на бившиот ќе ве направи среќни, тогаш можеби вреди да пробате да се смирите.

5. Сте имале важни животни планови

Без разлика колку детално ја планирате вашата иднина, некои работи едноставно спонтано се случуваат. На пример, не можете да планирате кога некој ќе ве запроси, кога ќе бидете бремени и сл. Можеби вашите строго зацртани животни планови не му одговарале вашиот партнер, а вие не сте сакале да отстапите од нив.

Но сега, сфаќате дека ни со новиот партнер работите не одат според вашите планови и почнувате да верувате дека сте го оставиле оној Вистинскиот. Ако во новата врска не ви е ни пола поубаво одошто во старата, тогаш размислете за обновување на претходната. Можеби овој пат, работите конечно ќе бидат како што треба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар