Девојки, прочитајте го ова ако се чувствувате изгубено!

Девојки, прочитајте го ова ако се чувствувате изгубено!

Јас не сум изгубена. Јас заздравувам.

Јас сум токму онаму каде што треба да бидам и понекогаш тоа може да делува застрашувачко. Може да изгледа како да не сум го пронашла мојот пат бидејќи сè уште патувам низ сите тие делови од мене, кои беа запуштени долго време. А деновите кога не знам каде треба да одам? Сега знам дека дури и скршеното срце е само уште една отворена врата што ме води кон дома.

Јас не грешам. Јас растам.

Јас вредам за љубов или за успех. Јас се грижам за себе за да изградам живот исполнет со радоста и среќата што ја заслужувам. Можеби изгледа како да се разочарувам себеси бидејќи не се движам доволно брзо, но тоа е само затоа што си дозволувам доволно време да напредувам правилно. А деновите кога солзите изгледаат како дожд? Сега знам дека тие се тука за да ја навлажнат земјата каде што мојата вистина требало да никне.

Јас не сум недоволна. Јас балансирам.

Јас не сум несакана или премногу чувствителна. Јас успевам да го задржам својот чекор на земја што постојано се тресе и го правам тоа со грациозност. Понекогаш може да делува како премногу или како премалку, но јас секојдневно го учам балансот на мојата душа. А деновите кога изгледа како да не сум доволна? Сега знам дека тие денови ми се дадени од универзумот за да направам повеќе место во своето срце за нештата што вистински вредат.

Знам дека ми е судено да постигнам многу и дека има уште многу работа пред мене. Исто така знам и дека чекорите што ги правам денес како жена се исполнети со многу моќ. Јас заздравувам. Јас растам. Јас балансирам. Јас напредувам во свет што не може да ме задржи. Јас сум горда на себе. Не се плашам повеќе. Се предавам на себеси и го пречекувам со отворени раце тоа што ќе ме пронајде.

Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го и ова!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар