Девојки, не трудете се: 5 работи што никогаш нема да ги промените кај вашето момче
„Згоден е, само да има друг модел на патики и би бил совршен…“, поголемиот дел од девојките барем еднаш здогледале некое момче и го помислиле токму ова. И точно, да го промените моделот на патиките кои тој ги носи и не е толку тешка работа, но кога се обидувате да ја менувате личноста на вашето момче, важно е да знаете до каде се границите. Ова се работите кои не смеете да се обидете да ги промените кај него, бидејќи во спротивно тој ќе продолжи понатаму без вас.
1. Неговиот стил
Некои жени сметаат дека нивното момче е проект, особено кога е во прашање она што тој го носи. Секако дека можете да го промените до некои граници, но доколку очекувате дека момчето кое најмногу сака удобна тренерка и мека блуза ќе го претворите во некој кој носи кошули и кравати, тогаш време е да се откажете од тој проект. Особено доколку сакате да го задржите крај себе.
2. Неговите пријатели
Некои ќе бидат супер, некои ќе бидат ужасни, но сите негови пријатели имаат една заедничка карактеристика – тие биле тука пред вас и најверојатно ќе останат тука уште долго време по вас. Ако сметате дека неговиот најдобар пријател има лошо влијание врз него, тоа е една работа. Со доволно факти можеби би можеле да го убедите, за негово добро, да намали со средбите. Но доколку мислите дека ќе можете да му објасните дека сакате тој да престане да се гледа со него само затоа што вам не ви се допаѓа, тоа е нешто сосема друго и најверојатно само ќе предизвика да се оддалечи од вас.
3. Неговото хоби
Можеби неговото хоби е неверојатно глупаво, опасно, или пак, само сакате времето кое го троши на оваа активност да ви го посветува вам, но никако не можете да очекувате дека вашето момче ќе се откаже од хобито што го сака, само затоа што на вас тоа не ви одговара.
4. Неговите соништа
Работите за кои тој сонува веќе подолго време нема да се променат само затоа што вам ви се чини дека тие немаат смисла. Ако не ги поттикнувате неговите соништа, тој сигурно ќе ви го замери тоа, а доколку се обидете да им ставите крај, само вашата врска ќе заврши…
5. Неговиот однос со мајка му
Без разлика дали тој мисли дека неговата мајка е совршена жена или пак, не ја поднесува, тоа е негов однос и не треба да се мешате во него. Секогаш можете да се обидете да дадете совет, но немојте да очекувате дека ќе можете да ја промените нивната динамика, бидејќи таа била изградена долго време пред вашето доаѓање.