Девојки, избегнете ги непријатните ситуации: Не поставувајте му ги овие прашања на вашето момче
Жените навистина сакаат да поставуваат прашања, бидејќи ги интересира и она што треба и она што не треба, а покрај тоа бараат потврда за сите свои достигнувања и чекори кои ги направиле. Од друга страна пак, мажите не сакаат да одговараат на прашањата кои ќе им ги постават нивните девојки, бидејќи не знаат кој е вистинскиот, ако постои вистински, одговор. Па затоа девојки, денес, погледнете кои прашања не смеете да им ги поставите на вашите момчиња.
1. „Дали треба да се потстрижам?“ Да? Не? Можеби? Не поставувајте го ова прашање, бидејќи мажите не го забележуваат тоа доколку не ја скратите вашата коса драстично. Но, тој се плаши и од вашиот одговор. Ако тој каже „да“ вие ќе возвратите со „зар не ти се допаѓа мојата фризура?“, но доколку каже „не“ вие секако ќе се потстрижите. Па зошто ова прашање?
2. „Кој фустан ми стои подобро?“ Неговиот одговор секогаш ќе биде оној фустан кој повеќе го открива вашето деколте или нозете, а тоа може да ве навреди.
3. „Дали сакаш да дојдеш на роденденот кај мојата мајка?“ Веднаш ќе ви го кажеме одговорот – тој не сака, но ако ве познава добро, ќе мора. Затоа спасете го од маките, бидејќи тој не е должен да го трпи тој „терор“.
4. Кое било прашање кое се однесува на вашата тежина. Да, знаеме дека ви е неопходно да слушнете од него дека вие сте совршени, но само тој знае колку му е тешко кога ќе го чуе тоа прашање.
5. „Дали твојата бивша го правеше ова подобро?“ Особено ако станува збор за секс. Па бившата е бивша со причина. Крај на приказната.
6. „Дали мислиш дека Моника Белучи или која било друга позната личност е привлечна?“ Секако дека мисли, исто како што вие не можете да им одолеете на машките славни личности. Па сметаме дека нема потреба од ова прашање.
7. „Колку често мастурбираш?“ Најпрво, прашањето е премногу лично. Второ, дали навистина мислите дека ќе ви го каже точниот одговор?
8. „Дали забележуваш нешто поразлично на мене?“ Истиот случај како со фризурата, бидејќи ако не станува збор за драстична промена, одговорот е не.
9. „Со кого си имал најдобар секс во животот?“ Уште едно критично прашање на кое тешко ќе го добиете точниот одговор (без навреда). Секако дека неговиот одговор ќе гласи така како што вие сакате, но може да се случи да биде и обратно.
10. „Што мислиш за мојата најдобра другарка?“ Не мора да значи дека одговорот на ова прашање ќе биде негативен, но подобро да се спречи отколку да се лечи. Мажите најчесто имаат поразлични ставови од нашите кога станува збор за најдобрите другарки. Некои им се допаѓаат, некои не, па затоа е најдобро да го избегнете ова прашање.
11. „Може ли да поразговараме?“ Мислиме дека од ова прашање ни паѓа тежина и на нас жените, но верувајте, и на мажите им е исто. Затоа најдобро е ова прашање да го поставите поинаку или да се обидете да го добиете одговорот на некој друг начин.
12. „Дали и понатаму одиш во теретана?“ Со поставувањето на ова прашање, неговите последици од неодењето во теретана започнале да се забележуваат, па најдобро е да го заобиколите. На крај, ниту тие не се разликуваат многу од нас.