Девојки ги споделуваат најдобрите совети за момчиња кои ги добиле од своите мајки
Кога станува за збор за совети за момчиња, само еден човек може да ви ги каже вистинските – вашата мајка. За разлика од пријателките, мајките имаат многу поголемо искуство и мудрост кога станува збор за врски, момчиња и брак. Тие поминале низ сè, па нивните совети секогаш се искрени и реални. Токму затоа и во продолжение ги издвоивме најдобрите совети што неколку девојки ги добиле од своите мајки. Уживајте и научете нешто од нив!
„Биди со некој кој прави да се чувствуваш ценето.“ – Карина, 24
„Ако избегнуваш да го прашаш нешто, тоа е затоа што веќе го знаеш одговорот.“ – Клер, 24
„Немој да се венчаш млада. Колку повеќе чекаш, толку е поголем дијамантот.“ – Кетрин, 22
„Сингл си додека не се венчаш.“ – Грејс, 23
„Кондомите се поевтини од пелените.“ – Џесинта, 20
„Мајка ми ми рече дека треба да поминам многу пениси. Тоа беше најшокантно. Но… вистинито?“ – Јасмин, 24
„Во Њујорк состанувањето за стрејт мажите е како пазарење во огромен супермаркет. Постојат толку многу опции што не знаат што да одберат. Тие гледаат на сите опции кои ги имаат и мислат дека се посебни. Но не се, ти си таа што е посебна.“ – Лора, 25
„Мајка ми ме научи дека леопардот не може да си ги промени дамките. Ако еднаш изневерил, секогаш ќе изневерува.“ – Мариса, 22
„Без разлика колку се сакаат луѓето, тие или го вадат најдоброто или најлошото од нив. Најди некој кој те прави подобра.“ – Реми, 22
„Мајка ми ми рече никогаш да не бидам со некој кој се однесува лошо со бившите партнери.“ – Софија, 26
„Замисли си иднина со бубалицата бидејќи тој многу повеќе ќе го цени она што го има од останатите“ – Хилари, 27
„Престани да си го трошиш времето на губитници за кои ќе ти биде срам да ги познаваш по 10 години. Ако не можеш да зборуваш за него со гордост, тогаш тој не е за тебе. Не сакаш да бидеш со некој кој е ‘помалку’ од тебе.“ – Сара, 21
„Еднаш разговарав со едно момче и мајка ми ми рече дека е премногу згоден, па затоа и тежок за справување. Тоа значи дека би можела или да се видам со него само еднаш или одма да се венчаме, бидејќи сè помеѓу би било голема главоболка.“ – Хана, 23
„Ти си вазна од династијата Минг и треба да бидеш третирана како таква. (Тие се ретки и скапоцени според мајка ми!)“ – Беки, 21
„Кој е следен?“ – Елиса, 28
Погледнете ги и најдобрите животни совети од нашите мајки.