Десет „ситници“ кои ја разоруваат врската

Десет „ситници“ кои ја разоруваат врската

Дали знаете дека ситниците како што е поздравувањето при доаѓање и одење, кој ќе го фрли ѓубрето или кој ќе го одбере ресторанот во кој ќе одите, можат да направат односите во врската да станат студени, или дури да предизвикаат нејзино прекинување?

Десет „ситници“ кои ја разоруваат врската

Одржување на домот

Кога станува збор за караниците на партнерите за тоа кој ќе ги измие садовите всушност доаѓа до судир на различни личности. Доктор Карин Гордон, стручњак за врски, брак и семејство, објаснува дека постојат 16 видови личности, а само половина од нив се фокусирани на организација, уредност и хигиена.

Бидејќи во принцип спротивностите се привлекуваат, едниот партнер може да биде екстремно неуреден, а другиот претерано педантен. Па затоа, објаснете му на партнерот дека хигиената ви е важна, а вие разберете дека тоа нему воопшто не му е приоритет. Понатаму доктор Гордон советува дека треба да го научите партнерот што е тоа што треба да го прави и смирено да му дадете до знаење зошто вам хигиената ви е важна.

Секогаш тој (таа) го одбира ресторанот

Според доктор Гордон некои луѓе се подобри во тоа од другите и во тој случај има смисла, но ако тоа не е случај, а сепак одлуката ја донесува секогаш едниот партнер, тогаш може да станува збор за одредени проблеми со контролата. Но, исто така можеби е во прашање само личност која сака да одбере каде ќе оди.

Секогаш правите како што вие сакате или обратно

Понекогаш тоа е случај со оние кои имаат сопствена цел. Ќе договорите нешто без да се консултирате со партнерот, а тој излегол со другарите незнаејќи дека вие сте планирале нешто посебно со него. Важно е да бидете јасни и директни и да објасните зошто се чувствувате лошо поради тоа што тој одлучува сам. Во спротивно, ваквата ситуација може да доведе до пасивно-агресивно однесување и огорченост.

Според доктор Гордон, и другата страна мора да се чувствува важно, па затоа кога луѓето ќе се почувствуваат загрозено и безначајно, стануваат наметливи и очајни.

Десет „ситници“ кои ја разоруваат врската

Заборавање важни датуми

Честопати станува збор за тоа кој како е воспитан, или поточно дали неговите родители правеле големи прослави за родендени, годишници и други важни датуми. Доколку тоа не случај, тогаш сигурно важните датуми нема да му претставуваат нешто значајно, но тоа е вештина која може да ја научи со малку труд, доколку јасно му ги кажете своите очекувања. Во тоа може да помогне и календар кој однапред ќе ве потсетува за важните датуми.

Не поздравува кога доаѓа или заминува

И ова е поврзано со тоа како се однесувале родителите додека сте растеле, односно дали тие се разминувале без да се јават кога излегуваат. Ваквото однесување е всадено во нас, а станува уште поизразено кога ќе пораснеме. Многу парови со тек на време ја губат навиката да се бакнат и прегрнат, бидејќи се попречени од телефонски повици, СМС-пораки и слично. Но кога ќе влезете дома потребно е да се репрограмирате, бидејќи нежностите и вниманието се важни квалитети за вас и за вашата иднина како пар.

Не покажува доволно чувства

И ова е нешто што се учи од другите и повторно е можно да е резултат на воспитување. Доколку сакате поголема наклоност од партнерот, поттикнете го преку мали нешта, како држење за рака додека гледате телевизија или додека шетате. Но доколку се чувствувате оддалечени на поинаков начин, недостигот од искажување чувства може да биде знак на нешто подлабоко и на тоа би требало да се укаже, советува доктор Гордон.

Не комуницирате во текот на денот

Дали ви е важно тоа што партнерот не ви се јавува и не ви пишува пораки додека сте на работа? Секој си има свои очекувања по ова прашање, но ако партнерот не ви се јавува запрашајте се зошто не го сторил тоа, но и разберете ако тоа не можел да го стори поради претрупаниот работен распоред. Доколку тој не сфаќа дека вам тоа ви е важно, пронајдете некоја разумна количина време која во текот на денот може да ви ја посвети. Можеби ќе ви биде доволна една кратка порака за да знаете дека мисли на вас.

Десет „ситници“ кои ја разоруваат врската

Премногу сте наметливи

Вашиот партнер случајно го оставил вклучен Фејсбук профилот на вашиот лаптоп. Дали ќе проверите на кого му испратил порака? Дури и ако меѓу вас нема тајни, тој можеби има различно мислење за личните граници и би можел тоа да го сфати како инвазија на приватноста, објаснува доктор Гордон. Тоа е работа на доверба и доколку имате проблем со тоа треба што поскоро да ги решите недоумиците.

Сарказам

Можеби вам ви звучи многу смешно кога нешто ќе кажете со одреден тон, но вашиот партнер може да го сфати тоа потполно поинаку, па затоа доктор Гордон советува паровите да го избегнуваат тоа, бидејќи сарказмот може да предизвика длабоки проблеми.

Претерано споделување на интимноста на социјалните мрежи

Како се чувствувате во однос на ограничувањата на социјалните мрежи, зависи од тоа колку сте интровертни, односно екстровертни. На интровертна личност  споделувањето каква било информација што се однесува на врската може да биде навредливо и потресно. Спротивно на тоа, екстровертната не може да разбере зошто тоа е толку голема работа. Доктор Гордон советува дека ако се случи вакво нешто, потребно е да му дадете на знаење на партнерот дека не сакате интимните работи да ги споделувате на социјалните мрежи.

Десет „ситници“ кои ја разоруваат врската


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар