10 романтични гестови што ќе ја направат вашата врска посилна од кога било

10 романтични гестови што ќе ја направат вашата врска посилна од кога било

Повеќето од нас сакаат да остарат заедно со некого, но студиите покажуваат дека стапката на бракови се намалува, поради што многумина мислат дека долготрајната врска е мит или едноставно не вреди. Сепак, тоа воопшто не е точно. Љубовта и врските се комплицирани, но постојат практични и лесни романтични совети што можете да ги практикувате за да се осигурате дека ќе го добиете најдоброто од нив.

Десет романтични гестови што ќе ја направат вашата врска посилна од кога било

Погледнете ја листата со романтични совети што можат да бидат рецепт за цврста, среќна врска.

1. Секогаш имајте на ум еден мал заеднички сон

Споделувањето на истиот сон ќе направи заедно да се надевате дека ќе ви се оствари. Можеби сонувате за заштеда на пари за патување во Дизниленд со децата или за нов автомобил. Можеби се надевате дека ќе реновирате дома или пак, планирате средба со родителите кои живеат далеку. Во секој случај, споделувањето на надежите и на соништата и работењето на нивното остварување е позитивен начин за да бидете поврзани и среќни.

2. Запишувајте детали за едноставните желби на партнерот

Ако секогаш заборавате што сака вашиот партнер за својот роденден, ова може да биде решение за тој проблем. Секој пат кога тој зборува за новиот ресторан што би сакал да го посети, за филмот чијашто премиера ја очекува со нетрпение или за нешто што сака да го купи, запишете го тоа. Можете да го чувате како белешка во вашиот мобилен телефон и да погледнете во неа секогаш кога ќе треба да одите на состанок со партнерот или кога ќе сакате да му купите подарок по некој повод.

3. Правете мали изненадувања за вашата сродна душа

По првите неколку месеци во врската, поретко ќе чувствувате пеперутки во стомакот и можеби ќе започнете да се навикнувате на вашиот партнер. Тоа не значи дека веќе не го сакате, туку дека сега сте постабилни. Вистинската љубов не е само страст, туку е и волја да бидете со таа личност секој ден. Но, тоа не значи дека треба да престанете да чувствувате пеперутки. Изненадете го партнерот со неговиот омилен десерт, подгответе му топла бања по напорниот ден на работа или купете билети за филмот што сака да го гледа (тој што сте го запишале во белешките).

4. За време на расправија, размислете за тоа дека можеби и вие сте виновни

Ако се расправате и ако сфатите дека работите излегуваат надвор од контрола, одете во различни простории на 20 минути. Така ќе имате време да се смирите и уште поважно, да размислите за фактот дека можеби и вие некако сте придонесле да дојде до таа расправија. Откако ќе поминат 20 минути, пристапете смирено и кажете си еден на друг каде мислите дека не сте во право, извинете се и обидете се заедно да пронајдете решение за проблемот.

5. Вежбајте го методот 3-1

Ако мислите дека секогаш го правите она што сака да го направи вашата сродна душа, обидете се со овој метод. Кажете дека сакате да одите во театар. Едниот од вас може да одбере 3 филмови што сака да ги гледа, а другиот може да го избере оној што најмногу му се допаѓа од тие 3 опции. На тој начин, заедно ќе ја донесете одлуката и двајцата ќе изберете што да правите.

6. Поминувајте време одвоени за да си недостасувате еден на друг

Ако го поминувате целото време што го имате со партнерот, постои можност да не го правите она што го сакате. Размислете за посета на педикир, за кафе со пријател или за средба со вашата мајка. Треба да поминувате време разделени, за да ги наполните вашите батерии. Ова особено важи за интровертите. На тој начин, ќе постои можност да ви недостасува вашиот партнер, но и да се вратите кај него со подобро расположение.

7. Подобрете ги односите со семејството на партнерот така што што ќе бидете носител на добрите вести

Справувањето со семејството на вашиот партнер за вас може да биде предизвик, но вашата сродна душа ги обожава своите најблиски и би сакала и вие да се дружите со нив. Обидете се да ги олесните работите со тоа што вие ќе бидете личноста што секогаш им кажува убави вести. Вие бидете личноста што ќе ги покани на вечера, што ќе им се заблагодари за вазната што сте ја добиле за подарок од нив, што ќе ја прифати поканата за неделен ручек. Дозволете му на вашиот партнер да се справува со негативната комуникација и да биде оној кој се извинува што не сакате да присуствувате на некој здодевен семеен собир.

8. Работете заедно на заеднички проект

Создајте нешто заедно, само вие двајцата, и станете експерти за тимска работа. Зборуваме за нешто едноставно како што е подготвување оброк, реновирање на домот или фарбање на влезната врата. За двајцата е важно да постигнете нешто заедно. Добра идеја е и пријавувањето за часови по странски јазик или пак, учество во натпревар.

9. Прегрнувајте се! Физичкиот контакт ќе направи да се чувствувате заљубено

Човечкиот допир е толку моќен што љубовта може да комуницира без да се каже ни збор. При гушкањето се ослободува окситоцин, познат и како „љубовен хормон“. Оваа супстанција ќе направи вие и вашиот партнер да се чувствувате среќни, сигурни и поврзани, односно тоа ќе ве тера да се чувствувате заљубено. Искористете го овој момент за да му кажете благодарам на партнерот за уште еден ден поминат со него. Ова не само што ќе ве натера да ја цените вашата сродна душа уште повеќе, туку ќе ви помогне и двајцата да се чувствувате поценети. Плус, истражувањата покажуваат дека искажувањето благодарност ве прави посреќни.

10. Дозволете му на вашиот партнер да има ден полн со активности што ги сака

Понекогаш, одморете се од другите работи и поминете некое време со вашиот партнер правејќи го она што тој го сака, дури и ако тоа не е нешто што вам многу ве интересира. Потоа заменете се и имајте ден во кој ќе правите нешто што вие сакате. И двајцата ќе се запознаете подобро и којзнае, можеби ќе си имате ново хоби кое ќе можете да го практикувате заедно.

Се чувствувате полни со љубов? Инспирирајте се уште повеќе со овие 10 романтични пораки кои секој би сакал да ги добие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар