Десет коктели за дочек на Стара Нова година
Автор: Елена Јошеска
Откако ја дочекавме новогодишната ноќ со прекрасни алкохолни коктели, ред е од ова да не отстапуваме и за дочекот на новата година според јулијанскиот календар.
Следуваат 10 коктели кои ќе го продолжат вашето празнично расположение и кои одлично ќе се вклопат во вашата староновогодишна прослава. Сите се креација на Џаред Лакс, визуелен уметник, кој работи како супервизор во барот Quattro, дел од ланецот Four Seasons.
1. Есенски зачин
- 30 мл вотка
- 60 мл сок од јаболко
- 15 мл сок од лимон
- 15 мл сируп
Состојките се комбинираат во шејкер со мраз и убаво се протресуваат. Се гарнира со стапче цимет и парче јаболко.
2. Искрата од Малибу
- 30 мл рум Малибу
- 30 мл сок од грејпфрут
- неколку капки Гренадин
Откако состојките ќе се измешаат во шејкер, коктелот се истура во чаша полна со шампањ и се декорира со парчиња јагоди.
3. Розова лимонада
- 60 мл Absolut Citron вотка
- 15 мл ликер Куантро
- 15 мл ракија од праска
- 30 мл Limoncello
- 30 мл кисел микс
- 15 мл сок од лимон
- неколку капки Гренадин
Работ на чашата се премачкува со лимонов сок и се обложува со шеќер. Се декорира со кора од лимон.
4. Крем од цимет
- 60 мл ирски крем Бејлис
- 15 мл Goldschlager
- 15 мл ликер со вкус на карамелизирани бонбони
Внатрешноста на чашата се декорира со чоколаден прелив, а работ од чашата се натопува со чоколаден сируп и се обложува со рендано чоколадо.
5. Шеќерно стапче
- 45 мл вотка
- 15 мл мента ракија
- 15 мл крем од какао
Како што кажува името, овој коктел се декорира со новогодишно шеќерно стапче.
6. Оревокршачка
- 45 мл вотка
- 15 мл ликер Amaretto
- 15 мл бел крем од какао
Работ на чашата се обложува со мелени ореви, додека на дното може да се додаде една мараскино вишна.
7. Божиќно кисело
- 60 мл Мидори (алкохол од диња)
- 30 мл ликер од лимон Limoncello
- 60 мл кисел микс
За да се добие одличен контраст на боите, светло зелениот коктел се служи во чаша во која на дното има мараскино вишна.
8. Ноќ во Аспен
- 90 мл кафе
- 30 мл ликер Frangelico
- 15 мл ванила-коњак
Коктел наменет за поладните денови, кој, за дополнителна енергија, се декорира со шлаг, морско оревче и зрна кафе.
9. Ног од Југот
- 120 мл Eggnog
- 15 мл ликер од бело чоколадо
- 30мл ликер Southern Comfort
Егног е традиционален млечен пијалак кој е особено популарен во САД и Канада за време на зимските празници како Божиќ и Нова година. Рецептот содржи само сирови јајца. Гарнирајте со рендано чоколадо.
10. Лаванда
- 45 мл вотка
- 30 мл француско бело вино Lillet
- 30 мл сируп од лаванда
- 15 мл сок од лимон
За целосно да се долови името на овој коктел, се декорира едноставно се гранче лаванда.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.