Претходно
Десерт со пишкоти, шлаг и јагоди
Се подготвува за неколку минути и толку брзо се јаде што со сигурност нема да го направите само еднаш. Изненадете ги пријателите и сите уживајте во единствениот вкус на пишкоти со јагоди и шлаг.Потребно е:
- пишкоти
- свежи јагоди, сечкани на четвртинки
- изматен шлаг
- лимонов сок
Подготовка: Пишкотите натопете ги во лимоновиот сок. Ставете две пишкоти на чинија, врз секоја пишкота ставете малку шлаг и наредете неколку јагоди. Ете, толку е лесно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.