Десерт на денот: Тропска торта со ананас и манго
Најдобриот рецепт за ова лето!
Потребни состојки:
- 10 крекери
- 2 кафени лажички шеќер
- 2 супени лажици стопен путер
- 100 грама исечкано манго
- 1 литар млеко
- 3 супени лажици сок од лимета
- 4 големи жолчки
- 1/4 кафена лажичка сол
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во блендер изматете ги крекерите и шеќерот. Потоа додајте го путерот, и внимателно измешајте па префрлете ја смесата во сад за печење, притоа рамномерно распределувајќи ја низ површината. Печете 10 до 12 минути, односно додека кората не добие златно-кафена боја.
Извадете ја кората и оставете ја да се олади. Во меѓувреме, изматете го мангото во блендер и процедете го сокот. Изматете ги заедно млекото, сокот од лимета, жолчката и солта. Смесата ставете ја во калапот со кората и печете уште 25 до 30 минути. Извадете ја тортата и оставете ја да се излади на околу 1 час на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер на околу 2 часа.
Пробајте ги и овие одлични десерти со јагоди.