Дерматолог ги открива секојдневните навики на жените кои предизвикуваат прерани брчки
Со својата работа како дерматолог, д-р Ерин Гилбер налетува на секаков вид „луди“ нешта кои луѓето ѝ ги прават на својата кожа. Но, ако побарате од неа да ви ги издвои оние кои најмногу ја полудуваат, тогаш без размислување ќе ви ги посочи следниве грешки што водат до прерана појава на брчки.
На прво место се наоѓа човечката грубост кон кожата
„Тоа значи дека луѓето често користат груби пешкири или таканаречени четки за лице, бидејќи сметаат дека тоа е најдобриот начин да ја исчистат кожата. Но, реалноста е сосема спротивна. Доколку претерувате со ексфолијацијата, вие ќе предизвикате црвенило и воспаление, но исто така ќе направите и вашата кожа да потемни“, објаснува д-р Гилбер.
На второ место е купувањето прескапи производи, особено кога станува збор за млади луѓе
„Доколку сте млади и првите препарати кои ги ставате на вашето лице се скапи производи или лосиони наменети за против стареење на кожата, големи се шансите дека со нивната редовна употреба вие ќе го постигнете токму тоа што се обидувате да го избегнете. Вашата кожа може да почне да старее предвреме“, дополнува таа.
На третото место следуваат домашните препарати
„Доколку не ги познавате добро билните и останатите домашни лекови, најдобро е да се не впуштате слепо во оваа авантура. Исто така, не користете алкохол за да ги исушите мозолчињата бидејќи можете да предизвикате воспаление и голема иритација на кожата“, вели д-р Гилбер.
За крај, на четвртото место е фактот што никој не се заштитува доволно од сонцето
„Вие морате да ставате заштитен фактор на вашата кожа секојдневно, дури и кога е облачно доколку сакате да ја заштитите од појавата на предвремени знаци за стареење“, завршува таа.