Делата зборуваат погласно од зборовите: 10 начини на кои мажите ја покажуваат нивната љубов
Мажите често преферираат да ги покажуваат своите емоции преку дела наместо преку зборови. Само затоа што тој не ви признава вербално што чувствува, тоа не значи и дека нема чувства. Доколку сакате да откриете дали неговата љубов кон вас е исто толку голема како и вашата кон него, тогаш погледнете ги следниве 10 начини на кои тој невербално го искажува она што го чувствува длабоко во себе…
1. Тој ве носи кога се среќава со неговите пријатели
Или семејството. Или кој било друг со кој тој е близок. Кога мажите почнуваат да ве гледаат како дел од најважните нешта во нивниот живот, тоа е добар знак дека имаат сериозни намери кон вас. Тој исто така сака и другите да ја доживеат среќата која вие ја носите во неговиот живот (и можеби да се пофалат со вас малку, на добар начин бидејќи се гордеат со личноста која ја имаат покрај себе).
2. Тој физички е секогаш во ваша близина
Секогаш кога сте заедно тој ги држи рацете околу вас, гушкајќи ве. Мажот кој навистина се грижи и ужива во друштвото на една жена секогаш ќе ја чува во своја близина. Физичкиот контакт, дури и кога е „невин“ е силна невербална порака на која вреди да ѝ се обрне внимание.
3. Тој навистина ве слуша
Едно од најголемите нешта за кои мажите се често обвинувани е дека се ужасни слушатели. Но, мажот кој навистина се грижи за својата партнерка ќе ја слуша внимателно и ќе впива што е можно повеќе детали поврзани со неа. Тоа е еден од начините на кои тој ѝ покажува дека ја цени и дека сака да слушне сè што таа има да каже.
4. Тој се смешка откако ќе го бакнете
Ова чувство едноставно не може да се опише со зборови…
5. Тој постојано е во контакт со вас
Оние кои навистина уживаат во нивното друштво немаат потреба од причина за да разговараат еден со друг. Токму затоа тој ви пишува пораки или ви се јавува само за да ви каже „здраво“, да го чуе вашиот глас или да провери дали имате добар ден, а со тоа и очигледно ви дава знак дека често мисли на вас и дека сака да го знаете тоа.
6. Тој не се грижи што правите, сè додека го правите тоа заедно
Без разлика дали станува збор за прошетка во парк или шопинг во трговски центар, тој е подготвен да ви прави друштво. Мажот кој сака да поминува што е можно повеќе време со својата девојка без сомнение покажува дека тој не ја гледа само како моментална забава за време на љубовните состаноци. За една врска да биде значајна, и двајцата треба да сакаат да поминуваат што е можно повеќе време заедно кое не секогаш мора да биде поврзано со нови и возбудливи настани.
7. Тој ги имитира вашето однесување и говорот на телото
И покрај тоа што многумина го препознаваат ова однесување како ефективен начин на комуникација со чија помош можете да направите другите да се почувствуваат поудобно во вашето присуство, често луѓето кои поминуваат долго време со одредена личност почнуваат и несвесно да ги преземаат нејзините гестикулации, позиции и држење на телото. Доколку забележите дека тој ја допира вашата рака на истиот начин како што вие го правите тоа или нешто слично, тогаш можете слободно да заклучите дека тој детално внимава на вашето однесување, дури и ако не е свесен за тоа.
8. Тој секогаш прави компромиси
Секоја цврста врска е изградена врз многу компромиси. Мажот кој само се забавува нема никаква придобивка од жртвувањето, но оној кој има подлабоки чувства е подготвен да вложи многу во таа врска. Кога сте заљубени во одредена личност, вие сакате таа да биде среќна, дури и ако тоа значи да ги тргнете настрана вашите интереси. Среќата на оваа личност полека станува и ваша среќа.
9. Тој бара совети од вас
Доколку еден маж побара совет од својата девојка за одлука која треба да ја донесе или пак, за ситуација која се обидува да ја сфати, тогаш тој со сигурност го цени нејзиното мислење и го користи како водич низ неговиот живот. Ако мажот ги цени вашите мисли, тоа значи дека ве цени и вас.
10. Тој секогаш ќе прави да се чувствувате безбедно
Мажите се природни заштитници. Еволуцијата која траела милиони години ги довела до точка каде што тие сакаат да ги заштитат оние кои ги сакаат, без разлика дали тоа им е потребно или не. Тоа значи дека тој ќе даде сè од себе за да ве заштити физички, но и емоционално. Мажот кој ве љуби и се грижи за вас знае како да направи да се чувствувате безбедно. Тој никогаш нема да дозволи да се запрашате дали би бил покрај вас кога навистина ќе ви биде потребен. Тој во даден момент ќе биде покрај вас, пред вас, но и зад вас, доколку тоа е потребно. Тој ќе биде вашиот соиграч во текот на целиот живот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.