Дефинирајте го односот со партнерот
Сакате да го дефинирате вашиот однос со партнерот? Пред да започнете таков разговор, прочитајте го следниве совети и осигурајте се дека нема да бидете погрешно сфатени.
Нема потреба да разговарате ако сте среќни со сегашната ситуација
Времето за започнување ваков разговор е индивидуално кај секого. Логично е после месец или два да се запрашате „Што сме ние?“ Но, во ваков случај можно е да сте дел од однос кој е корисен за вас и вашите емоции, иако не сте свесни за тоа. Размислете малку дали сегашната ситуација ви одговара и дали сте среќни со моменталните случувања. Така ќе дознаете дали е време за дефинирање на односот.
Следете ги неговите знаци
Мажите генерално комуницираат повеќе преку активностите, отколку преку зборовите. За да дознаете колку е тој заинтересиран, едноставно следете ги неговите постапки. Внимавајте за што е заинтересиран, а за што не е. Дали ги планира сите работи? Дали ве запознава со луѓето кои му се важни нему? Од друга страна, на заборавајте дека воопшто не е важно ако сака заедно да одите на одмор, но нема намера да ве побара викендов.
Не дозволувајте алкохолот да влијае на разговорот
Едноставно, ако не разговарате на оваа тема додека сте трезни, не надевајте се дека ќе разговарате кога ќе се напиете. Ако сте под дејство на алкохол, поголеми се шансите наредното утро да бидете позбунети, отколку претходната вечер.
Разговор во четири очи
Без разлика колку е полесно овој разговор да се одвива преку телефон, одолејте му на искушението и разговарајте лице в лице. СМС-пораките може да бидат премногу нејасни за овој тип разговор, а и со телефонскиот разговор е слично. Ако не сте заинтересирани за врска, тогаш зрелиот разговор во четири очи е најдобар начин да се разјаснат работите.
Најдобро време за разговор е попладне
Верувале или не, мажите имаат идеално време за разговарање, а тоа е попладне. Нивото на тестостерон кај мажите опаѓа во периодот помеѓу 16 и 18 часот, а тоа е причина тој повеќе да ве слуша додека зборувате. Но, доколку тој доживеал некаква непријатна случка или некакво разочарување, прескокнете го овој дел од денот и разговарајте подоцна.
Седнете покрај него
Мажите слушаат и разбираат многу полесно кога физички сте покрај нив. Затоа пред да го започнете разговорот, обезбедете си место до него. Никако не застанувајте пред него, затоа што таквиот став означува соочување и конфронтирање.
Не плашете го со темата
Никогаш никому не кажувајте му: „Мораме да разговараме“. Ако сакате да започнете разговор со овие зборови, без оглед на тоа колку е сериозна темата, може да се случи соговорникот да го фати паника, да се исплаши и да почне да ве одбегнува.
Не покажувајте дека сте нервозни
Дозволено е и кај двајцата да има малку трема пред и за време на разговорот. Тоа е сосема нормално и нему ќе му биде полесно ако знае дека и вие се чувствувате исто како и тој. Мажите повеќе се плашат од врска со погрешна личност, отколку од самата врска. Затоа нека дознаат дека и вие сте по малку несигурни, но не дозволувајте им да дознаат колку нервозни всушност можете да бидете.
Потсетете го на сè што сте поминале заедно
Најдобар начин да ги дознаете неговите интереси за во иднина и истовремено да ги искажете вашите очекувања, е да дефинирате што се случува помеѓу вас двајца. Потсетете го на сите заеднички моменти и следете ја неговата реакција. Продолжете го разговорот со реченица како „Чувствувам како да сме поблиски во последно време“ и видете како ќе се одвиваат понатаму работите.
Ако темата е сериозна, разговорот не мора да биде исто толку сериозен
Кога веќе сте решиле да разговарате на оваа тема, ослободете се од секаков притисок. Ако сакате нешто посериозно, кажете го тоа на интересен и забавен начин. И секако, притоа не заборавајте да се насмевнете. Така ќе биде многу полесно да продолжи разговорот, а и двајцата ќе се чувствувате послободни.
Не драматизирајте
Сигурно не сакате да се најдете во ситуација во која емоциите ќе ве совладаат и едноставно ќе излегуваат од вас, без да можете да ги контролирате. Ако чувствата ви бегаат надвор од контрола, значи сè уште не е време за ваков разговор. Не започнувајте го разговорот и не избрзувајте само поради фактот дека поминал одреден период откако сте почнале да излегувате.
Задржете се на сегашноста
Со овој разговор треба да утврдите што се случува сега, а не што ќе се случува во иднина. Целта е да дознаете дали вашиот однос станува посериозен или се работи само за нешто привремено. Задржете се на сегашноста, а разговорите каде што се споменува „брак“ или „селење“ задржете ги за понатаму.
Кратко и јасно
Ако сакате да ги искажете вашите чувства, нема потреба од долги и исцрпувачки разговори. Според истражувањата, жените зборуваат три пати повеќе отколку мажите, во текот на еден просечен ден. Од друга страна, долгиот разговор често знае да застрани од темата. Затоа заборавете на претераното зборување и бидете кратки и јасни.
Дајте му време да размисли
Штом ќе го започнете овој разговор, не очекувајте тој веднаш да ви одговори. Никој не е обврзан веднаш да реши како ќе се одвиваат работите понатаму и тоа е во ред. Но, ако извесно време не добивате никаков одговор од негова страна, прашајте го дали размислил во врска со разговорот што сте го воделе за вас двајца.
Не разочарувајте се
Што и да испадне на крајот, најважно е да бидете среќни и задоволни од себе. Ако сакате нешто посериозно, а тој не сака ништо повеќе од обична авантура, не правете компромис. Не задоволувајте се со тоа што го сака тој. Продолжете понатаму и ќе ја пронајдете вистинската личност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.