Дама без душа: 10 начини на кои можете да ги препознаете лошите жени

Дама без душа: 10 начини на кои можете да ги препознаете лошите жени

Навикнати сме да ги обвинуваме мажите за сето она што не оди во љубовната врска, бидејќи постои општо верување дека тие не знаат емотивно да се врзат, да се отворат и искрено да ѝ се препуштат на љубовта. Но, да бидеме реални и да ја преиспитаме и другата страна. Колку жените знаат да бидат лоши и арогантни во љубовната врска?

1-zhena-bez-dusha-10-potezi-koi-gi-pravi-vistinski-loshata-i-arogantna-zhena-www.kafepauza.mk_

1. Давање погрешен телефонски број

Жените се склони да се послужат со ситни измислици како овој трик. Причината за оваа мала пакост е желбата барем провидно да излезат културни и да го избегнат епитетот на умислена дама која не сака да го остави својот телефонски број на доволно љубезниот, но за нив недоволно привлечниот додворувач.

2. Искористување на мажите за бесплатен пијалак

Жените кои не го носат својот паричник за време на излегувањето, од мит прераснаа во дел од секојдневието. Решени со својот шарм и изглед да обезбедат неколку коктели, во состојба се да започнат разговор со мажот исклучиво со таа цел. Тие сакаат пристојност, па ќе му дозволат подобро да ги запознае со тоа што на својот „избраник“ ќе му овозможат неколку моменти флерт, а потоа ќе продолжат понатаму, без ниту малку грижа на совест.

3. Останување во љубовна врска сѐ додека не се појави некој нов, подобар

Арогантноста во овој пример не се огледува во оставањето, туку во останувањето во љубовната врска. Жените кои не сакаат да бидат сами и неопходен им е маж во нивниот живот, склони се кон продолжување на врската со партнерот кон кого ништо не чувствуваат, сѐ додека не се појави некој нов што според нивните стандарди е подобар. Освен што го губат своето време, го губат и времето на мажот со кого се, давајќи му лажна надеж дека можеби ќе стане подобро. „Подоброто“ кое тие го чекаат, најчесто доаѓа во вид на нова љубовна врска со некој друг.

2-zhena-bez-dusha-10-potezi-koi-gi-pravi-vistinski-loshata-i-arogantna-zhena-www.kafepauza.mk_

4. Солзи како еден вид манипулација

Познато е дека мажите се чувствителни на женските солзи. За да го добијат она што го замислиле, поединечни припаднички на понежниот пол ќе го искористат овој факт и ќе се расплачат не поради чувствителноста, туку поради потребата.

5. Физичко насилство

Убедени дека мажот нема да им врати со иста мера, жените се склони да го удрат својот партнер или на некој начин физички да го повредат. Бидејќи вистинскиот џентлмен никогаш нема да крене рака на жена, некои од нив го користат тоа за од вербален, да преминат во физички напад. Во машко-женските односи, мажите се тие кои ја носат титулата на лоши момци. Навикнати сме нив да ги обвинуваме за сето она што не оди во љубовната врска. Тие се оние кои не знаат емотивно да се врзат, да се отворат и искрено да ѝ се препуштат на љубовта.

6. Критикување на својот партнер во јавност

Некои жени се склони кој јавно и остро критикување на својот партнер. Во оваа категорија на арогантност спаѓа и ненадејното започнување караница или пак, исмејувањето на својот партнер.

7. Одбегнување разговор за статусот на врската

Ова секако не е најзлобната работа која жената може да му ја направи на мажот, но сепак е една од најиритирачките. Жените кои се склони кон флерт знаат да им дадат лажна надеж на своите додворувачи, без оглед на тоа дали се во врска или не. Често никогаш не го прецизираат својот статус, играјќи на повеќе полиња.

3-zhena-bez-dusha-10-potezi-koi-gi-pravi-vistinski-loshata-i-arogantna-zhena-www.kafepauza.mk_

8. Манипулација со секс

Бидејќи на мажите сексуалниот однос им е исклучително важен, манипулацијата во оваа област за нив претставува една од најзлобните појави. Свесни за важноста на темата, жените се склони да ги уценуваат мажите со својата волја за секс. Доколку сакаат да постигнат нешто, ќе се послужат со него. Од друга страна, доколку сакаат да го казнат својот партнер, ќе го одложуваат сексот што е можно подолго.

9. Тестирање на мажот

„Ако ме сакаш, ќе го направиш тоа“. Со оваа реченица започнува еден од најарогантните начини на однесување. Да му се јавите непосредно пред излегувањето со другарите со молба да дојде кај вас, без некоја посебна причина, само за да докаже дека ве сака, спаѓа во еден од најниските потези со кои можете да ја уништите врската. Тој сигурно ќе дојде, но со секое наредно барање од овој тип, тој ќе ве трпи сѐ помалку.

10. Флертување со други мажи за да го направите љубоморен

Чувството на запоставеност, ужасната расправија или чистата нечувствителност, некои жени ги води кон злобно флертување со други мажи за да му се одмаздат на својот. Без разлика која причина стои зад овој потег, јасно е дека станува збор за незрела и манипулирачка личност.

Чувајте се и од жената со овие особини: Таа ги мрази нејзините пријателки и мисли дека е најдобра од сите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар