Дали знаевте дека зелената медитеранска исхрана може значително да ги намали висцералните масти?
Сигурно ви е добро познато дека медитеранската исхрана се одликува со бројни здравствени придобивки, како што се подобро здравје на срцето, намалување на тежината и намален ризик од Алцхајмерова болест.
Меѓу другото, ново истражување покажало дека зелената медитеранска исхрана може да биде ефикасна и во намалувањето на висцералните масти.
Студијата опфатила 294 учесници кои учествувале во 18-месечно тестирање при што кај дел од нив била застапена зелената медитеранска исхрана. Главната разлика помеѓу типичната медитеранска исхрана и зелената медитеранска диета е тоа што зелената верзија се фокусира повеќе на полифеноли со зелени растителни протеини и вклучува помалку црвено или преработено месо.
Полифенолите се растителни соединенија кои можат да го намалат ризикот од дијабетес тип 2, некои видови на рак и срцеви заболувања, а се наоѓаат во темното чоколадо, бобинките, црвеното вино и чајот.
Истражувачите ги поделиле учесниците во три групи: една група следела стандардна медитеранска исхрана, друга група користела зелена медитеранска диета, а третата група строго се придржувала до упатствата за здрава исхрана.
Исходот од истражувањето покажал дека здравата исхрана може да ги намали висцералните масти за 4,2%, додека медитеранската исхрана ги намалува за 6%. Во исто време, зелената медитеранска исхрана може да ги намали висцералните масти за 14,1%. Сепак, според научниците потребни се повеќе истражувања за да се утврди дека зелената медитеранска исхрана значително може да го намали нивото на висцерални масти во организмот.
Зелената медитеранска исхрана вклучува растителна храна како овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки. Покрај тоа, акцентот е ставен на рибата, со умерена количина на живина, сирење и јогурт, а маслиновото масло е главниот извор на додадени масти.
Откако прочитавте за најновото истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 намирници се дел од секојдневната исхрана на стогодишниците.
Извор: ljepotaizdravlje.hr