Дали знаевте дека прекумерната употреба на овој витамин може да доведе до штетни последици?

Дали знаевте дека прекумерната употреба на овој витамин може да доведе до штетни последици?

Додатоците во исхраната се дел од нашата грижа за нашето целокупно здравје. Но, што ако тие можат да направат повеќе штета отколку корист?

Дали знаевте дека прекумерната употреба на овој витамин може да доведе до штетни последици?

Ако живеете живот полн со стрес, ако вашата исхрана е неурамнотежена и богата со преработена храна, додатоците се неопходни за подобрување на здравјето и имунитетот. Сепак, истражувањата покажале дека земањето премногу одредени витамини потенцијално може да ви наштети. Во овој случај, станува збор за витаминот ниацинамид.

Зошто ни е потребен ниацинамид?

Ниацин или ниацинамид припаѓа на групата витамини од Б-комплексот а можеби ви е попознат како витамин Б3. Тој игра улога во нашиот нервен систем и метаболизам, помагајќи ни да ја претвориме храната што ја јадеме во енергија. Потребен им е и на клетките за здраво функционирање и развој.

Истражувањата покажале дека ниацинамидот има корисен ефект врз здравјето на срцето, поради што многу луѓе со високо ниво на холестерол земаат додатоци во исхраната збогатени со овој витамин.

Што ако земате премногу витамин Б3?

За жал, во случај на преголемо консумирање на витамин Б3, тој може да стане токсичен за вашето тело, како што покажува оваа приказна од американска болница каде лекарите во Њујорк откриле дека витаминот Б3 може да предизвика слепило.

Имено, 61-годишен маж дошол во болница жалејќи се на нагло губење на видот. Пациентот им ја кажал на лекарите својата медицинска историја и ги информирал за обемната листа на додатоци во исхраната што ги земал за лекување на зголеменото ниво на холестерол. Ниацинамидот исто така бил на листата. За среќа, медицинскиот тим ја открил врската и прекинот на консумирањето на овој витамин го вратил привремено изгубениот вид на пациентот.

Ниацинамид во високи дози исто така е поврзан со други негативни здравствени ефекти. Консумирањето 1000 милиграми на ден може да предизвика главоболки, вртоглавица, низок крвен притисок, висока гликоза во крвта, гадење и болки во стомакот. Повисоки дози можат да предизвикаат посериозни здравствени проблеми како што се оштетување на мускулите, чир на желудникот, па дури и оштетување на црниот дроб.

Затоа, неопходно е да се консултирате со лекар или нутриционист пред употребата на суплементите иако тие не се регулирани како лековите и можете сами да ги купите.

Откако прочитавте за штетните последици од прекумерната употреба на овој витамин, можеби ќе сакате да прочитате и дали додатоците во исхраната всушност ни штетат.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар